Зошто нема да гласам на овие избори?

02.05.2024 09:51

Затоа што државата од 15 февруари, кога донесе решение на мое барање да ми ја промени адресата на живеење, не ми ја ажурирала новата адреса во избирачкиот список, па сега за да гласам морам да патувам 300 километри (по 150 во двата правци) на старата адреса, во друг град.
Личната карта со новата адреса ја изработуваа еден и пол месец. Па така, сега имам лична карта со новата адреса, а во избирачкиот список и во централниот регистар на население уште сум на старата адреса. За жал, не сум единствен ваков пример.

Во Роковникот на ДИК пишува дека МВР доставува листа на државјани кои поднеле барање за издавање нова лична карта или пасош по било кој основ од денот на распишување на изборите до денот на завршување на јавниот увид. ДИК податоците (треба да) ги впише во избирачкиот список по службена должност.

Плаќаме систем од неповрзани и неспособни институции.

Васко Маглешов, Фејсбук, 30.04.24.