1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
Foutaises (во слободен превод од француски - Озборувања) е краток филм на познатиот француски режисер Жан Пјер Жане, снимен во 1990 година.
Во филмот се работи за еден лик, Доминик Пињон, кој гледајќи во камерата, раскажува за нештата кои му се допаѓаат и нештата кои не му се допаѓаат. На пример, тој изјавува „Ги мразам мажите со брада, но без мустаќи“, или „Сакам да мислам дека после смртта не може да биде полошо одошто пред раѓањето“. Секоја негова изјава е поткрепена со визуелна демонстрација.