Што навистина сакаме од сексот?

13.12.2011 16:33
Што навистина сакаме од сексот?

Луѓето фантазираат за оргии, долги оргазми и групен секс, но мнозинството всушност воопшто не го посакуваат тоа во реалниот живот, или барем не работат на тоа.

Мнозинството всушност посакува комбинација на уживање и блискост со партнерот. Меѓутоа, многумина во токот на самиот чин мислите ги насочуваат во сосема друга насока: „како изгледам“, „како мирисам“, „како звучам“, „дали ќе забремени/забременам“ и слично.

Како воопшто можеме да уживаме во сексот кога сето тоа се случува во нашите глави?

Сексот, значи, може да стане многу сложен кога луѓето ќе се насочат на своите можности, а не на водењето љубов.

За на најдобар можен начин да ги почувствувате сите убавини на сексуалниот контакт, морате да бидете психички присутни.

Ако премногу анализирате и се грижите, ќе се оддалечите од тоа искуство.

Исто така, ако сте загрижени за тоа што вашиот партнер мисли, или мислите дека не ги исполнувате неговите/нејзините очекувања, воопшто нема да уживате.

Целата е мислите да ги сконцентрирате на блискоста и на уживањето. Не размислувајте за негативните нешта, не ја мерите вашата успешност и мислете само на неговата функционалност.

Морате да се опуштите.

Тоа можеби звучи сосема спротивно на идејата дека сексот е возбуда и напнатост, но тука лежи предизвикот.

За да го зголемите уживањето и блискоста, ви треба поинаков пристап кон сексот. За почеток, морате да сфатите дека сексот не е оргазам.

Имено, како само петнаесетина секунди (во најдобар случај) можат да ви го заменат целиот возбудлив пат?

За време на сексот не губете време размислувајќи за врвот. Секако, ако ви стане здодевно, можете да поработите на тоа малку да ги забрзате работите.

Морате да се поврзете со партнерот/партнерката и одвреме-навреме да разговарате за вашиот сексуален живот.

Ова може да изгледа застрашувачки, но тоа всушност е една од клучните работи за запознавање на своите и потребите на другиот.

Уште едно нешто морате под итно да решите: грижата дека можеби не сте нормални во сексот.

„Нормално“, кога станува збор за врска меѓу две возрасни, одговорни личности – не постои.

Извор: b92.net