Каде живеат најневерните луѓе

14.03.2012 13:53
Каде живеат најпромискуитетните луѓе

Како што секоја земја има своја културолошка специфичност и карактеристична традиција, така и во сексуалниот живот на нејзините жители постојат навики кои му даваат препознатлив потпис на нивното поднебје.

Австрија

Во Австрија живеат најпромискуитетните мажи – просечно имаат по 29 сексуални партнери во животот.

Нов Зеланд

Со 20 сексуални партнери кои ги менуваат за време на својот живот, Новозеланѓанките се најпромискуитетните жени во светот.

Германија

Мажите од ова поднебје ја понесоа титулата најлоши љубовници поради тоа што Германките им замеруваат дека понекогаш можат да шират непријатен мирис околу себе.

Шпанија

Истражувањата го потврдија она за што досега само се шушкаше – во татковината на фламенкото живеат најогнените љубовници.

Тајланд

Тајланѓаните најкратко водат љубов. Просекот на сексуалниот однос кај нив трае десет минути.

Грција

Според истражувањето на компанијата за кондоми Durex, Грција е татковина на најеротичните луѓе во светот на кои сексот им е високо на листата со животни приоритети.

Бразил

Сексот најдолго трае во оваа земја, во просек завидни 30 минути.

Индонезија

Седум пати годишно, за време на празникот Пон, Индонезијците заминуваат на еден вид аџилак на светата планина на островот Јава за да водат љубов со други жени. Ако успеат да спијат седум пати со истата непозната жена, тие ќе бидат благословени и ќе им се исполнат сите желби.

Франција

Женското списание Marie Claire објави податок дека во оргии учествувале 41% од Французите, додека 27% од нив биле вклучени во размена на партнерите. Исто така, над 70% од сексуално активното население во оваа земја редовно практикува орален секс.

САД

Во долината Сан Фернандо се снимаат околу 90% од сите порно филмови во САД. Затоа оваа долина многумина ја нарекуваат „Сан Порнандо“.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото