Минијатурни градини

20.02.2012 13:52
Минијатурни градини

Пола Хејс е позната пејсажна дизајнерка и уметница која е родена во 1958 година. Таа уште од деведесеттите години на минатиот век создава ботанички структури, мини градини, терариуми во стаклени или силиконски топки.

Во тие топки се наоѓаат разновидни растенија, кои претставуваат своевиден приказ за еден вид ботанички микро универзум. Овој тип на мали собни градини се вистински хит во светот, особено во САД.

Од 2010 година Пола има и своја инсталација во лобито на МОМА во Њујорк - масивна хоризонтална скулптура со органски форми и разновидни билки кои го збогатуваат и развеселуваат просторот, а воедно претставуваат вистински декор во овие зимски денови.

Во продолжение погледнете избор од нејзините минијатурни ремек-дела.

Извор: mojataubavagradina.mk

ОкоБоли главаВицФото