Тие 99%

30.11.2011 11:44
Тие 99%

Спонтаните иницијативи, освен аспектот на ангажирање голем број луѓе и духовитоста, го подразбираат и сегментот на промислување на важните светски случувања, и секогаш претставуваат вредна тема за пишување и промовирање.

Американската, но и светската јавност, многу добро е запознаена со настаните кои изминативе месеци се случуваа околу Волстрит. Иницијативата „Окупирајте го Волстрит“ за цел има актуелизирање низа политички и финансиски прашања, нагласувајќи го јазот меѓу 1% богати наспроти остатокот од населението на САД.

За дополнително да ја поттикнат расправата за тој факт, водени од енергијата која се насобра околу движењето „Окупирајте го Волстрит“, уметниците Пол и Бен решија да направат нешто забавно, но воедно и да го поврзат со парите. Нивниот проект „The 99% behind the money“ (Тие 99% зад парите) низ хумористичен пристап истакнуваат кои се всушност луѓето кои ги создаваат светските богатства – сите ние. За на оние 1% да им се покаже кој стои зад сите тие пари, ги повикаа луѓето да се фотографираат со, т.е. зад банкнотите од својата земја и да им ги испратат фотографиите. Едноставната задача гласи: земете книжна пара и свиткајте ја на половина, потоа фотографирајте ја вашата половина на тој начин што вашето лице го продолжува она на банкнотата и потоа закачете ја на интернет страницата 99percentbehindthemoney.tumblr.com.

Како што објаснуваат авторите, забавувајќи се низ оваа страница истовремено можете да привлече внимание на движењето „Окупирајте го Волстрит“, но и да ги насмеете посетителите.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото