За и против мобилниот телефон

08.06.2012 11:15
За и против мобилниот телефон

Против

Светската здравствена организација минатата година ја класифицира радијацијата на мобилните телефони како „можно канцерогена“ и повика на понатамошни истражувања. Телефоните, кои се проценува дека во тоа време ги имало некаде околу пет милијарди, се „сомнителни“ бидејќи некои прелиминарни испитувања покажаа голема стапка на заболени од глиома, вид рак кој се јавува на мозокот кај личности кои прекумерно користеле мобилен телефон. Меѓутоа, Научниот комитет за раст и новоидентификувани здравствени ризици, кој го формираше Европската комисија во 2007 година, ги разгледа постоечките студии кои ги испитувале потенцијалните опасности од изложеност на радиофреквентно електромагнето поле на мобилните телефони. Испитувањата на животните, лабораториските тестирања и епидемолошките студии покажале, заклучи овој комитет, дека „не е веројатно дека изложеноста на РФ полињата води до зголемување на заболени од рак меѓу луѓето“. Дури и ако се занемарат аспектите на зрачење и комплицираните процеси во организмот кои еден лаик не може да ги разбере, на сите им е познато дека долгата употреба на мобилен телефон кој е допрен до главата предизвикува загревање на главата, односно мозокот. Површината на главата се загрева значајно, за дел од степенот, додека промената на температурата во ткивото кое е малку подалеку од површината е речиси незначителна. Организмот тоа го решава со зголемување на циркулацијата и се смета дека ова загревање нема некоја драстична последица по мозокот. Меѓутоа, проблем е пронајден во рожницата во која не постои механизам за термална регулација. Ако зајакот за време на два или три часа би разговарал со својот роднина, би ослепел моментално, односно, првин би добил катаракта. Слична манифестација, меѓутоа, не се случила кај мајмун.

За

Веројатно не разговарате сѐ уште на мобилен телефон без помошна слушалка? Спиете со него под перница? Го носите во џеб? За разлика од другите комуникациски апарати, мобилните телефони со своите станици комуницираат преку електромагнетни бранови во микробранов дел од спектарот. А доста илустративни ефекти од ова зрачење можете и сами да побарате секој ден – во секоја микробранова печка. Во ред, споредбата е неумерена, зашто сепак телефоните не емитуваат повеќе од 2 W сила и не можат тука така да загреат млеко или вода. Но, нема сомневање дека човековото ткиво го апсорбира и ова зрачење, како и тоа дека поради него се јавуваат топлотни ефекти, а не е занемарлив ни ефектот на нискофреквентен пулс кој е носител на сигналот. Повеќе истражувања покажале дека збирниот ефект штетно делува на живите ткива. Кај корисниците кои разговараат до 30 минути на мобилен телефон зголемен е ризикот од рак на мозокот за дури 40 проценти. Ако се прашувате зошто овие истражувања не се познати во јавноста, размислете за тоа дека денес во светот има пет милијарди корисници на мобилни телефони и колкава загуба со тоа би стекнала индустријата на комуникации. Но, покрај низа истражувања, дури и Светската здравствена организација пред точно една година потврди дека употребата на мобилни телефони е „возможно канцерогена“ и дека претставува долгорочен ризик по здравјето.

Извор: vreme.com