Визуелна еволуција на логоата

22.10.2012 10:06
Визуелна еволуција на логоата

За да може одреден графички знак, симбол или икона да го катализира идентитетот на одреден бренд, потребна е голема доза креативност, но и време. Токму за ова се зборува во книгата Logo life: Life Histories of 100 Famous Logos што претставува куса историја на настанувањето на графичкиот идентитет на широк спектар брендови како што се Apple, Lego, Adidas, Google, Xerox, Visa итн.

Секое кратко поглавје ја следи визуелната еволуција на конкретно лого, ги истакнува значајните настани во компанијата и дава иконични примери за примена на логото во неговото рекламирање, а вклучува и интересни анегдоти за самото настанување на логото, раскажани од страна на неговите дизајнери.

На пример, првото лого на компанијата Apple било комплексна целина што била составена од цртеж на Исак Њутн како седи под јаболково стебло, цитат од Вордсворд: „Newton…a mind forever voyaging through strange seas of thought…alone“ и името на компанијата – Apple Computer Co. Не само што, визуелно гледано, било непотребно комплицирано, туку и тешко било да се репродуцира такво лого, па затоа во 1997 година, по повод лансирањето на моделот Apple II, заменето е со култното „јаболко во боите на виножитото“ на дизајнерот Роб Јаноф.

Подоцна, Јаноф изјави дека единствената насока на Стив Џобс за изработката на новото лого била тоа да не биде „премногу сладникаво“. Иронично, логото е дизајнирано потполно рачно, со моливи во боја и траки хартија, а силните бои требало да ги предочуваат сјајните перформанси на мониторот, што тогаш бил еден од најважните услови за потенцијалните купувачи.

Загризот е употребен поради впечатокот за големината на овошката, за да не се замени јаболкота со, на пример, цреша. Јаноф изјавил дека загризот (англ. bite) не е употребен за да асоцира на „byte“ т.е. мерна единица за количина информации, ниту има било каква врска со Библијата. Освен тоа, загризот совршено ја опфаќа буквата „а“, напишана со фонтот Motter Tekura, што своевремено беше голем хит.

Во 1984 година, со лансирањето на Apple Macintosh на пазарот, заоблувањата на изворното лого се редефинирани со математичка прецизност. Во тој момент името на брендот било отфрлено од логото, зашто се покажало дека јаболкото, само по себе, станало иконичен симбол на команијата.

Од 1998 година наваму, почнале да се употребуваат монохроматски верзии на логото, што совршено одговарало на иновативниот карактер на производите.

 

Приказната за останатите 99 логоа може да ја најдете во книгата, а можете да направите и преглед на интернет овде.

Извор: http://pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото