Мува во писоарот

21.01.2013 12:57
Мува во писоарот

Во еден германски тоалет, машки секако, писоарите изгледаа вака: светнатни до сјај, се разбира, а во средината на секој - по една мува. Во прв миг згадено се оттргнуваш, но потем забележуваш дека мувата е нацртана. Чист реализам. Мувата исполнуваше барем две функции. Прво, преку својата апсолутна неумесност, таа требаше да ја нагласи целата асептика на германскиот тоалет и делумно на писоарот.

Втората функција, се заинтересирав и разбрав, беше чисто прагматична. Мажот пред писоарот треба да има некаков објект во кој ќе цели. Мувата е добра мета, предизвикувач, цел, која мажот несвесно ќе сака да ја погоди. И со посредство на двојниот систем „мета-уништување на метата“ веројатноста за распрснувачка средба надвор од писоарот неколкукратно се намалува. Така и мувата застрелана, и тоалетот чист. И мажот задоволен.

Сето ова може да се случи само во германски тоалет, во кој мувата е нацртана. А што ако сме во балкански тоалет?! (Тука ги викаат клозети - правилно.) Прво, мувите се повеќе од една. Второ, живи се. И трето, не стојат на едно место.

Овде ја прекинуваме приказната, зашто на гнасливите читатели им се слошува, дамите се чувствуваат омаловажени, а аналогиите се претвораат во алегории. Ниту една приказна не е веќе ненавредлива.

Расказот е преземен од книгата „И други приказни“ во издание на Темплум. Книгата може да се купи во скопските книжарници.

Превод: Никола Маџиров
Слика: Марсел Дишан

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото