1018 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Чет, 16.05.2024 17:41
Скопје, 3 септември 2013
Македонскиот премиер Никола Груевски ги обвини странските инвеститори дека намерно не инвестираат во Македонија, само за да го намалат неговиот рејтинг.
На прес конференцијата во автосалонот „Рент а Трактор“ во Скопје, Груевски повика на конечна пресметка со странските инвеститори, кои поттикнати од опозициските центри на моќ, Далај Лама, Сорос, ЕУ и Ватикан, не инвестираат во Македонија и покрај идеалните услови.
„Сакам да упатам порака до сите странски инвеститори дека не може да си играат со судбината на македонскиот народ. Ние и понатаму ќе продолжиме да оставаме дела зад нас, а тие нека продолжат со избегнување на инвестициски плодното македонско тло и нека ги користат бенефициите од опозицијата која ги потплаќа“, рече Груевски и изрази благодарност кон оние инвеститори кои останале храбри и решителни, па инвестирале во нашата земја и покрај притисокот од опозицијата.
Според последниот извештај на независниот Институт Јордан Пиперката, Македонија има најмногу странски инвестиции уште од античко време, а извештајот на Агенцијата за трговија и развој на ОН од Институтот го нарекоа малициозна измислица поттикната од македонската опозиција, која ги игнорира медот и млекото што течат во Република Македонија.