Пијаницата, Пивце и маалското куче

04.11.2014 12:58
Пијаницата, Пивце и маалското куче

Што прави, што прави... Пијаницата?

Пијаницата штотуку впива осум пива пред гранапот на Пивце.


Што прави, што прави... Пивце?

Пивце испива седум пива и малку отпива од осмото пиво на пијаницата.


Што прави, што прави... Пијаницата?

Пијаницата го допива осмото пиво и го допира маалското куче.


Што прави, што прави... Маалското куче?

Маалското куче потпива, и тоа се пропива.


Што прави, што прави... Пивце?

Пивце се препива и почнува да се препира.


Што прави, што прави... Пијаницата?

Пијаницата се запива и заспива.


Што прави, што прави... Маалското куче?

Испива цело пиво па му се приспива.


Што прави, што прави... Пивце?

Пивце на сонот му се опира и продолжува сам да се опива.

Слика: Talita Hoffmann

ОкоБоли главаВицФото