Задача

22.02.2015 02:00

Во немир и страв мислам дека својот живот ќе го исполнев
Само да се бев одважил за јавна исповед
Откривајќи ја измамата и за себе и за моето доба:
Ни беше слободно да се огласуваме со крештење на џуџиња и демони,
Но чистите и достојни зборови беа забранети
Под закана на толку строга казна што оној кој би се осмелил
Еден од тие зборови да изусти
Самиот себе веќе можел да се смета за изгубен.

Чеслав Милош (пол. Czesław Miłosz; 1911 — 2004), полско—американски поет, прозаист, есеист и преведувач. Добитник е на Нобеловата награда за книжевност 1980.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото