Визуелна историја на љубовни геј и лезбејски двојки

10.02.2016 04:35
Визуелна историја на геј љубовни двојки

Фотографскиот портрет на една љубовна двојка претставува афирмација на нивната врска. Под секој таков портрет како да стои изјавата: „Ние се сакаме. Ние се грижиме еден за друг. Горди сме на тоа кои сме кога сме заедно.“

Во Викторијанско време многу геј и лезбејски парови гордо ја изразувале својата љубов преку портрети направени во фотографско студио. За разлика од вообичаеното верување дека таквите односи често се „љубов која не се осмелува да го каже своето име“, како што Оскар Вајлд, ја опишал истополовата привлечност во својата песна „Две љубови“, хомосексуалците и лезбејките често се осмелувале јавно и отворено да ја покажат својата љубов.


Всушност, многу геј и лезбејски парови отворено живееле заедно. Таквиот начин на живот бил многу полесен за жените отколку за мажите, бидејќи за жените било очекувано да живеат заедно доколку не се во брак, или да живеат со еуфемистички дефинирана „женска придружничка“.


Мажите (ова не треба да бидат изненадувачки историски податоци) договарале средби и состаноци на кои имале прилика да пронајдат свои сродни души. Во Лондон обично се среќавале во таканаречените „Molly houses“ и клубови за мажи, или закажувале средби во хостелот Линколн, паркот Свети Џејмс, или градската патека која води кон Мурфилдс, која шармантно се нарекувала Sodomites Walk.


Театрите и циркусите исто така биле познати места за хомосексуални средби и активности, и тоа уште од времето на Елизабетанска Англија, кога машките проститутки циркулирале во театрите.


Ана Мур и Елси Дејл, 1900 година

Вооружените сили, особено Кралската морнарица, биле познати по хомосексуалните врски. Овој податок и не е толку неочекуван, ако помислиме на сите тие напалени морнари во потрага по пристаниште за време на бура.


Американска двојка, околу 1880 година

Клучниот момент во контекст на промената на јавниот став кон хомосексуалноста почнува со амандманот Лабушер на законот за сексуални прекршоци во 1885 година, кој „забранувал неприлични односи меѓу мажите.“ Токму во времето на владеењето на тој закон Оскар Вајлд бил неславно прогонет и токму тој закон ја зголемил дискриминација против хомосексуалците.


Шарлот Кушман и Матилда Хејс, околу 1850-тите

Пред тоа владеел законот за содомија, против анална пенетрација и бестијалност, кој бил воведен за време на владеењето на Хенри VIII. Ова довело до голем број на егзекуции (бесилки) и затворање. За кратко време бил укинат, а потоа повторно вовоеден од Елизабета I. Тогаш имало само неколку обвиненија, па во 1828 година бил повторно укинат, иако „содомијата“ останала да важи како капитален прекршок. Џејмс Прат и Џон Смит биле последните двајцата мажи кои биле егзекутирани за содомија, во 1835 година.


Со Амандманот Лабушер хомосексуалноста била забранета, а со тоа била отежната ситуацијата на мажите кои биле ставени во позиција да не можат да го живеат животот на начин на кој посакуваат. Системот Лабушер не ги вклучувал лезбејките во овој закон, верувајќи дека обрнувањето внимание на лезбејството само ќе ги охрабри сафовските желби меѓу повеќето Викторијански жени.


Госпоѓица Лили Елси и г-ца Адријан Аугард

Но, дури и кога хомосексуалните врски биле забранети во Англија, тие сè уште постоеле како јавна тајна. Во Америка законите за содомија варирале од држава до држава. Она што една држава го толерирала или она за кое немала став, друга држава спроведувала казна. Сепак, како и во Англија во Викторијанската ера, геј и лезбејските двојки во Америка често отворено ја изразувале својата љубов еден кон друг на фотографските портрети.

Оскар Вајлд и Лорд Алфред Даглас, 1893 година

Колекцијата фотографии со овие убави, храбри луѓе ни претставува мала визуелна историја на односите на ЛГБТ популацијата од 1860-тите до 1960-тите години. Многу од двојките на фотографиите се неидентификувани, но онаму каде што се пронајдени информации, нивните имиња стојат под самите слики. (Забелешка на уредникот: Се разбира, во повеќето случаи тешко е да се каже дека овa се слики од геј двојки).

„The Darned Club“, 29 октомври 1891 година

Изабела Грејс и Флоренс Елизабет, застанати на балконот кој гледа кон петте градини на принцезата, Лондон, околу 1862 година

Американска двојка, 1875 година

Двојки во Дајк Ламбер, 1925 година

Викторијанска двојка, околу 1880 година

Двојки во ноќниот клуб Chez Moune, најдолготрајниот лезбејски клуб во Париз, околу 1960 година

Извор: dangerousminds.net

ОкоБоли главаВицФото