Пре­диз­бор­на ме­те­о­ро­ло­гија

19.09.2016 20:23
Пре­диз­бор­на ме­те­о­ро­ло­гија

Кол­ку што ме­не ми се чини, гле­дај­ќи од страна, на дес­ни­от дел од ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки спек­тар се гру­пи­ра­ат раз­лич­ни пар­тис­ки фор­ма­ции, кои не­ка­ко ја пре­жи­ве­а­ја кон­зер­ва­тив­на­та дикта­ту­ра на Гру­ев­ски и Фа­ми­ли­јата. Во сво­и­те де­сет го­ди­ни вла­де­е­ње ДПМ­НЕ не бе­ше неж­на кон ни­кого, но со пра­во мо­же да се тврди де­ка нај­го­ле­ми­те гру­бос­ти се­пак се слу­чу­ваа на дес­ни­цата, про­тив си­те оние што мо­жеа да прет­ста­ву­ва­ат не­как­ва кон­ку­ренци­ја на вред­нос­ни­от сис­тем и прак­тич­но­то од­не­су­ва­ње на вла­де­јач­ка­та пар­тија. Не се ра­бо­те­ше тол­ку за иде­о­лош­ка за­ка­на по ДПМ­НЕ – те­ми­те за пат­ри­о­тиз­мот, на­ци­о­на­лиз­мот и ом­ра­за­та кон Ал­банци­те кај нас се ве­ќе одам­на три­ви­ја­ли­зи­ра­ни низ праг­ма­та на бан­дит­ски­от кри­ми­нал и ко­руп­ци­ја за ос­та­ну­ва­ње на власт по се­која, а нај­мал­ку по иде­о­лош­ка це­на – ту­ку за заг­ро­зу­ва­ње на гла­сач­ка­та „инка“ низ ко­ја ДПМ­НЕ са­ка­ше да ги пре­то­чи си­те мож­ни кон­зер­ва­тив­ни гла­со­ви во оваа зем­ја на сво­ја пар­тис­ка из­бор­на сметка. Да се ос­та­не на власт ба­рем ед­на де­це­ни­ја бе­ше им­пе­ра­ти­вот на ма­фи­јаш­ки­от про­ект на Фа­ми­ли­ја­та и ела­бо­ри­ра­на­та ме­си­јан­ска пси­хо­де­ли­ја на неј­зи­ни­от пред­вод­ник.

Лес­но се ку­пи­ја сите, на ло­кал­но и на­ци­о­нал­но ниво, кои за ма­ли па­ри и го­лем срам, за скром­ни си­не­ку­ри или под неж­ни при­ти­со­ци и лес­ни за­ка­ни ре­ши­ја да ги сме­нат кон­ку­рен­тски­те дес­ни­чар­ски дре­со­ви – на при­мер, ли­ца ка­ко Фи­лип Пет­ров­ски и слични; има­ше еден по­мал број „пот­ро­фејни“ уце­не­ти гла­ви – ка­ко Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски – кои про­це­ни­ја де­ка им е по­ис­плат­ли­во да си мол­чат и да нап­ра­ват не­кол­ку биз­нис-здел­ки со кор­по­ра­ци­ја­та на власт, от­кол­ку да изиг­ру­ва­ат хе­рои; а за оние што пру­жи­ја тврд от­пор – име­то на Љу­бе Бош­ков­ски, се раз­бира, са­мо­то се на­мет­ну­ва – сле­ду­ваа ела­бо­ри­ра­ни опе­ра­ции за ка­рак­тер­на и по­ли­тич­ка ели­ми­на­ција, из­ва­де­ни од ис­то­рис­ки­те чи­тан­ки на нес­лав­но­то бра­то­у­бис­тве­но ми­на­то на ВМРО.

Не­кои лу­ѓе од не­ис­то­мис­леч­ка­та дес­ни­ца на ДПМ­НЕ на­вис­ти­на пла­ти­ја ви­со­ка цена, по­ку­са са­мо од фи­зич­ка лик­ви­да­ција, за­тоа што не са­каа да ѝ се по­ко­рат на Фа­ми­ли­јата. За нив ка­па­та долу, не за­тоа што де­ли­ме ис­ти све­тог­леди, ту­ку би­деј­ќи и са­ми­от знам кол­ку неп­ри­јат­на мо­же да би­де ди­рек­тна­та кон­фрон­та­ци­ја со ин­те­ре­си­те на Гру­ев­ски и Ми­јал­ков.

Незадоволството е општо

Но, ка­ко што се­ко­ја власт има „бест би­фор“ да­тум на тра­ење, та­ка до­а­ѓа­ме и до ис­те­ку­ва­ње на ро­кот на вла­де­е­ње­то на Гру­ев­ски и Ми­јал­ков, гро­мог­лас­но на­ја­вен низ об­ја­ве­ни­те „бом­би на Заев“. Во де­кем­ври го­ди­на­ва тре­ба да се слу­чи де­ми­си­о­ни­ра­ње­то на Фа­ми­ли­јата, а шан­са­та во тоа да по­могнат, гле­дам, не са­ка­ат да ја про­пуш­тат си­те оние што реф­лек­ти­ра­ат на (по)из­вор­ни­те вмров­ски вред­нос­ти и тра­диции. Со ог­лед на го­ле­мо­то оп­што не­за­до­вол­ство во Ма­ке­до­нија, не е спор­но де­ка по­ли­тич­ка­та раз­д­ви­же­ност око­лу Љу­бе Бош­ков­ски, Јо­ве Ке­ке­нов­ски, Стојан­чо Ан­ге­лов, Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски и други, мо­же­би збо­га­те­на со ре­ла­тив­но скром­ни­те пар­тис­ки по­тенци­ја­ли на Ли­ле По­пов­ска и Пав­ле Тра­ја­нов, се­ри­оз­но се за­ка­ну­ва­ат да „от­ки­нат“ де­се­ти­ци ил­ја­ди гла­со­ви од из­бор­на­та ма­ра­бун­да на ДПМНЕ. Оп­што е поз­на­то де­ка на не­кои од ми­на­ти­те из­бо­ри зби­рот од нив­ни­те ра­зе­ди­не­ти из­бор­ни ско­ро­ви из­не­су­ва­ше око­лу 100.000 гла­сови, што за ма­ке­дон­ски из­бор­ни при­лики, ако се здру­же­ни и пра­вил­но рас­по­ре­дени, мо­же да до­не­сат прис­тој­ни 5-10 пра­те­ни­ци во Соб­ра­ни­ето.

За­тоа, си­те зна­ат де­ка клуч­но за го­ле­ми­на­та на нив­ни­от се­га­шен из­бо­рен ус­пех ќе би­де нив­но­то пре­диз­бор­но по­зи­ци­о­ни­рање: Кој сѐ ќе вле­зе во таа ко­а­ли­ци­ја и со как­ви пер­со­нал­ни ам­би­ции? Уште по­важно, ќе ре­ши ли тој пре­диз­бо­рен „па­кет“ да фор­ми­ра гранде-ко­а­ли­ци­ја со СД­СМ или не?

Раз­ни луѓе, со раз­лич­ни мо­тиви, се ја­ви­ја со со­ве­ти во јав­нос­та по овие пра­шања. Се по­ну­ди­ја ре­чи­ти ар­гу­мен­ти за и про­тив ок­руп­ну­ва­ње­то на опо­зи­ци­јата, а се за­по­де­на и по не­ко­ја внат­ре­пар­тис­ка и ме­ѓу­о­по­зи­цис­ка кав­га на таа тема.

Две дилеми

Јас, пак, пре­фе­ри­рам по­и­на­ков прис­тап. Имено, би­деј­ќи си­те ста­во­ви и си­те здру­жено-раз­дру­же­ни за­ла­га­ња на оваа те­ма се поз­нати, зош­то се тро­ши енер­ги­ја и вре­ме на над­муд­ру­ва­ња и по­ли­тич­ко кал­ку­лан­тство, ко­га ра­бо­ти­те се све­де­ни на ре­ла­тив­но пре­циз­на ма­те­ма­тика? Не им е на СД­СМ и на ос­та­на­ти­те прв­пат да одат на из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја со на­ши­от из­бо­рен мо­дел, па ќе сед­нат пар­тис­ки­те из­бор­ни ек­спер­ти и ќе ги пресме­та­ат си­те из­бор­ни ра­вен­ки по гла­сач­ки мес­та и по из­бор­ни еди­ници. Ма­те­ма­ти­ката, на не­у­мо­лив на­чин, ќе го ка­же сво­ето. Онаму, пак, ка­де што из­бор­на­та ма­те­ма­ти­ка ос­та­ну­ва не­до­ре­чена, се пра­ват ис­тра­жу­ва­ња на јав­но­то мне­ние. Ако доб­ро се под­гот­ват, ако со­вес­но се спро­ве­дат и ако де­тал­но се прос­ту­ди­ра­ат ре­зул­та­тите, од тие ис­тра­жу­ва­ња ќе се из­вле­чат зак­лу­чо­ци­те што ма­те­ма­ти­ка­та не мо­же да ги пред­види. А, по­тоа, со ком­би­на­ци­ја на ма­те­ма­ти­ка­та и ста­тис­ти­ка­та ќе се дој­де до прет­поста­ве­ни ре­зул­та­ти врз кои ќе мо­жат да се но­сат со­лид­ни по­ли­тич­ки од­луки. Ни та­ка до­не­се­ни­те од­лу­ки не­ма да би­дат ос­ло­бо­де­ни од ри­зик не­ка­де и за неш­то да се пог­реши, но тој ри­зик е нес­по­ред­ли­во по­мал от­кол­ку греш­ки­те што ќе се нап­ра­ват ако опо­зи­ци­ја­та се пот­пре са­мо на ме­ѓу­себ­ни­те над­муд­ру­ва­ња со де­се­ти­ци лит­ри ка­фе што ќе се ис­пи­јат во за­ча­де­ни­те пар­тис­ки шта­бови.

Во суш­тина, за опо­зи­ци­јата, ос­та­ну­ва­ат две пре­диз­бор­ни ди­леми.

Прва­та е кол­ка­ва е прив­леч­на­та моќ на евен­ту­ал­на­та пре­диз­бор­на ко­а­ли­ци­ја на СД­СМ со дес­ни­чар­ски­от опо­зи­цис­ки блок за оние гла­са­чи што се ра­зо­ча­ра­ни во ДПМ­НЕ и Фа­ми­ли­ја­та и кои на де­нот на из­бо­ри­те ќе би­ра­ат ме­ѓу ос­та­ну­ва­ње­то до­ма или гла­са­ње­то за обе­ди­не­та­та опо­зи­ци­ја во ко­ја би би­ле по­ме­ша­ни и дес­ни­ца­та и ле­ви­цата? На опо­зи­ци­ја­та си­те гла­со­ви про­тив Гру­ев­ски ѝ се важни, пра­ша­ње­то е со кој пре­диз­бо­рен нас­тап тие да се мак­си­ми­зи­раат.

Вто­ра­та пре­диз­бор­на ди­ле­ма е од­но­сот на СД­СМ кон Ал­банци­те и кон та­мош­ни­от евен­ту­а­лен обе­ди­нет опо­зи­цис­ки фронт: пре­диз­бор­но да се нас­та­пи за­ед­но или од­делно? (Еден при­ја­тел Ал­ба­нец ци­нич­но ми за­бе­ле­жува: „Па, ние, Ал­банците, ако гла­са­ме за СДСМ, тоа ќе го нап­ра­ви­ме ток­му за­тоа што та­му не­ма Ал­банци, а не за­ра­ди Муки?!“... Прво се насмеав, а по­тоа му ве­лам де­ка е зло­бен и дека, иа­ко СД­СМ и по­на­та­му не­ма кон­крет­на и ос­мис­ле­на по­ли­тич­ка по­ну­да кон по­тенци­јал­ни­те ет­нич­ки ал­бан­ски гла­сачи, не тре­ба да се пот­це­ну­ва доб­ра­та на­ме­ра ни кај За­ев ни кај Му­ха­мед Зе­ќи­ри за не­го­во­то ко­оп­ти­ра­ње во ра­ко­вод­ни­те те­ла на СДСМ.)

Да зав­ршам: И за две­те ди­ле­ми не­ма пот­ре­ба од ка­фе­ан­ски и пор­тал­ски пре­пу­ку­вања. Се мо­лат пар­тис­ки­те из­бор­ни ек­спер­ти да из­ле­зат со сво­и­те ма­те­ма­тич­ки и ста­тис­тич­ки мо­де­ли и да нѐ пош­те­дат од по­ли­ти­кан­тски из­бор­ни ме­те­о­ро­ло­гии. Оти, во де­кем­ври, Ма­ке­до­ни­ја тре­ба сонце да ја ог­рее, но­во сонце на сло­бо­дата.

Акценти:

Ма­те­ма­ти­ката, на не­у­мо­лив на­чин, ќе го ка­же сво­ето. Онаму, пак, ка­де што из­бор­на­та ма­те­ма­ти­ка ос­та­ну­ва не­до­ре­чена, се пра­ват ис­тра­жу­ва­ња на јав­но­то мне­ние. Ако доб­ро се под­гот­ват, ако со­вес­но се спро­ве­дат и ако де­тал­но се прос­ту­ди­ра­ат ре­зул­та­тите, од тие ис­тра­жу­ва­ња ќе се из­вле­чат зак­лу­чо­ци­те што ма­те­ма­ти­ка­та не мо­же да ги пред­види.

Иа­ко СД­СМ и по­на­та­му не­ма кон­крет­на и ос­мис­ле­на по­ли­тич­ка по­ну­да кон по­тенци­јал­ни­те ет­нич­ки ал­бан­ски гла­сачи, не тре­ба да се пот­це­ну­ва доб­ра­та на­ме­ра ни кај За­ев ни кај Му­ха­мед Зе­ќи­ри за не­го­во­то ко­оп­ти­ра­ње во ра­ко­вод­ни­те те­ла на СДСМ.

Извор:http://www.plusinfo.mk