За (не)легитимноста на Собранието

22.09.2016 12:43
За (не)легитимноста на Собранието

Малку за легитимноста на Собранието:

1. Кога се отвора истрага во врска со изборна измама од огромни размери, најнормално е да се отвори и прашањето за легитимитетот на оние кои дошле во Собранието како резултат на таа изборна измама.

2. Секој пратеник кој не дошол на функција како резултат на свесно прифаќање на изборната измама е логично да направи сè што е во негова моќ да се разоткрие измамата.

3. Секој пратеник кој дошол на функција како резултат на свесно прифаќање на изборната измама ќе се бори со сите сили да не се разоткрие измамата и да го задржи лажниот легитимитет.

Значи, во моментов не можеме да знаеме дали Собранието е легитимно или не. Во моментов постојат само основани сомневања за легитимитетот на Собранието кои можат да бидат докажани или не во судска постапка.

Она што со сигурност можеме да го знаеме се имињата на пратениците кои се плашат од истрага за изборните нерегуларности, односно, се плашат дека ќе се докаже нивната нелегитимност. Тие пратеници и нивните реакции се најдобар доказ дека истрагата оди во вистинска насока и дека сомневањето е навистина основано.

Многу е просто, нели?

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Свирачиња