1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
има една соба чудна,
дење спие ноќе будна.
во собата тројца седат,
на нив девет мачки предат.
како тоа тројца седат,
а на нив мачки предат?
така!
прв со грб седи свртен
еден седнат ќелав тросед,
а до него веднаш, прв сосед,
еден седнат просед двосед.
во умот тој малку бос е.
„ој, соседе! двоседе,
од што мака оседе?“
„ќути, пу-пу! скраја да е,
ќе си пукнам кај и да е.
ќе ти кажам ко на сосед:
го згинав насон сиот посед.
малку уште во сонот да поседев,
уште толку бетер ќе оседев.“
„ќути, соседе двоседе,
што цел не си оседел“,
пушти конци среде плетка
тетка летка ѕверка ретка,
виолетова една табуретка.
сакаш седел сакаш стоел,
око нејзе не ѝ трепка.
а мачките?
мачките предат сите девет,
не им треба ним кревет.
Слика: Лила Јанг