Срцепарателна сторија на Фчерашни новости за младиот Цане, кој 25 години се обидува да го најде патот до Брисел, но никако да стаса до својата дестинација.
Политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски
Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!?Политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски. Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блокадата на Северна Македонија? Што мислите дека ќе постигнете? Да падне поддршката во ЕУ, само тоа можете да го постигнете! Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо! Што значи ова? Дека сега за секоја земја која сака да се зачлени, може да се појави друга и да каже, а, не, прво да видиме кој беше овде прв, кога од мајмуни станавме луѓе, дали бевме ние или вие.
Еди Рама, премиер на Албанија, на форум во Тирана; Независен, 17.05.24.