1016 hPa
88 %
14 °C
Скопје - Сре, 15.05.2024 09:24
Новото издание на Voltaire M.A.H., издадено на 3 март, 2018, судира чувство на носталгија и меланхолија со стоичка ноншалантност, електроника со акустика, обете удавени во реверб, во својот експериментален дрим-поп албум кој упатува кон поавангардните ќошиња од овој жанр, со бендови како Gastr del Sol, Cul de Sac, Pram, Moonshake, Julia Brown, па и Monade во своите електронски делови. Освежително издание за експерименталниот пост-рок, општо.
***
Снимено на Вардарска и Лептокарија во ноември/декември 2017. Вокали, cycling и ритам гитари – Волтер М.А.Х, освен на „Луда земја“ – Дарјан Данески (акустична гитара и вокал). Бас гитара и ритмичка рамка – Саша Павловиќ. Зденко Петровски – аудио инженер, фотографии, софистицирано мерење на концепт идејата. Продуцирано и миксано од Саша Павловиќ и Волтер М.А.Х.
Б.Ј.