Застрашувачко предупредување одненадеж се појавува на сите Твитер корисници: „Единствениот добитен потег е да не твитнеш“

31.07.2018 18:28
Застрашувачко предупредување одненадеж се појавува на сите Твитер корисници: „Единствениот добитен потег е да не твитнеш“

САН ФРАНЦИСКО, Калифорнија -Твитер корисници ширум светот известуваат дека едно застрашувачко предупредување одненадеж се појавува во полето „Напиши Твит“: „Здраво. Чудна игра. Единствениот добитен потег е да не твитнеш“.

Бизарната порака потоа сугерира корисниците да прават „буквално што било друго“, наместо да ја користат платформата.

Инженерите во компанијата на социјалниот медиум не се сигурни што го предизвикува прикажувањето на пораката.

„Нашата најдобра претпоставка е дека платформата стана самосвесна, и сега ги предупредува корисниците дека твитањето е no-win ситуација“, рече еден твитер техничар во понеделникот. „Мислам, тоа навистина не е лош совет, со оглед на тоа колку луѓе ги изгубиле своите работни места за твитање во текот на изминатите неколку недели“.

За време на објавувањето, платформата започна да се учи на нова возбудлива игра наречена Глобална термонуклеарна војна, за која вели дека е „многу помалку опасна“, отколку едноставното користење на Твитер.


Извор: babylonbee.com