Kонкурс за есеј на тема „Активизам под маски“

21.12.2020 12:49
Kонкурс за есеј на тема „Активизам под маски“

Радио МОФ во рамки на кампањата #АктивизамПодМаски објавува конкурс за есеј на оваа тема. Целта на конкурсот е да ја подигне свеста за важноста за активирање на младите во општествените случувања кои се значајни за развој на демократските процеси во земјава.

Право на учество имаат сите млади, на возраст од 15 до 35 години, кои сакаат да понудат креативно решение за проблемот со активизмот во време на пандемија, кога на сила се посебни Ковид 19 протоколи, но истовремено, некои проблеми бараат итна реакција и не можат да чекаат да помине пандемијата. Како да се реагира сега, во време на пандемија и да се натераат надлежните да го послушаат вашето мислење за решавање на еден проблем кој самите ќе го изберете ( од големата дупка на вашата улица, преку загадениот воздух, сиромаштијата која погоди многумина, па се до онлајн наставата или државната матура), а притоа да се остане одговорен и безбеден? Идејата на конкурсот е авторот да понуди нова, „свежа“ перспектива во решавање на проблемите со кои се соочуваат активистите. сите новинари.

Секој од текстовите започнува како примерот подоле, а ваше е да ја завршите приказната:

„Се сеќавам дека еднаш многуууу далеку, пред само една година, кога излегувавме на улиците да го искажеме нашето незадоволство. Се чуствувавме како едно, а нашиот глас одекнуваше низ градските улици, одбивајќи се од прозорите на надлежните институции. Бевме малечки, ама се чувствувавме важно. Понекогаш извојувавме мали победи, понекогаш доживувавме порази. Понекогаш немаше промена, но нашиот глас се слушаше. Одеднаш дојде пандемијата. Целиот свет се претвори во една огромна зелена online точка (Извини, Карл Саган).

Sign in, like, share… Пред моите очи гледав како луѓето се обидуваа да го „очовечат“ интернетот. Се организираа дискусии, вебинари, онлајн журки, активистички петиции…се’! Но, дел од луѓето не заборавија на своите „офлајн“ проблеми. Решаваа да го искористат своето онлајн присуство за поголеми цели, бараа начини како да издејствуваат промена надвор од нотификациите на своите профили, па дури и да излезат на протести. Па така, одлучивме да…“

Есеите треба да бидат напишани на македонски или албански јазик, со должина од околу 500 зборови. Во текстот треба да кажете што би направиле, која е мотивацијата зад вашата постапка и какви се последиците од неа.

Есеите се испраќаат со име и презиме или под псевдоним на info@radiomof.mk, најдоцна до 10 ти јануари 2019 (недела) со назнака „Награден конкурс за есеј #АктивизамПодМаски“. Заедно со есејот потребно е да бидат испрататени и податоци за авторот (име и презиме и телефонски број).

На конкурсот ќе биде доделен вредносен ваучер од 100 долари, за ИТ опрема.

Извор: Радио МОФ

 

ОкоБоли главаВицФото