Граѓаните на РСМ најмногу доверба имаат во војската, црквата и некој лик од Фејсбук

12.03.2022 18:01
Лик од Фејсбук ужива највисоко ниво на доверба помеѓу граѓаните, според најновата анкета

Армијата и црквата се институциите кои уживаат најголема доверба во Македонија веќе неколку децении, а според најновите истражувања, годинава ги престигна еден лик на Фејсбук, соопшти денес Институтот за истражување на доербата и кружните текови од Македонска Каменица. Наодите покажуваат дека некој лик од Фејсбук одеднаш избил на врвот на листата на доверба за време на короната, кога ги имал најбрзите и најточните информации за се’ што е поврзано со пандемијата.

Истражувачите се согласуваат дека, во споредба со ликот на Фејсбук, другите институции, како здравствените, научните, религиските и одбранбените, немаат никакви шанси.

- Тоа е резултат со кој ликот од Фејсбук со право може да се гордее, но и го обврзува да продолжи со одговорно и навремено известување на граѓаните. Досега интензивно известуваше како да се заштитат од вирусот, како да се однесуваат и дали воопшто постои пандемија. Додека сега, во новонастанатата политичка ситуација, треба да им објасни на граѓаните како дојде до руско-украинскиот конфликт и која страна е во право - се наведува во соопштението на Институтот.

Високото ниво на доверба во личност која секојдневно пишува статуси од позиција на авторитет за темите од кои зависат човековите животи е застапено без разлика дали лековерните наивци кои го следат живеат во градови, во помали градови или во села.

Со истражувањето се потврдило дека граѓаните ги гледаат објавите на овој целосно анонимен лик на оваа социјална мрежа како институција од доверба. Вредностите по кои тој или таа се води, како целосното игнорирање на се’ што кој било друг го тврди, се ценети и пожелни во нашето општество.

Приспособено од Njuz 

ОкоБоли главаВицФото