„Мојот чадор може да е и балон”

23.04.24 07:28

Славната приказна на уште пославната словенечна писателка за деца, Ела Пероци, прв пат е објавена во далечната 1955 година. Дејството на приказната се случува, всушност, во воздухот над Љубљана!

Во воздух полетува, носена од својот жолт чадор, главниот лик, малата Елена, која набрзо пристига во земјата Шапкарија во која шапките се сосема посебни: каква шапка ќе ставиш на главата - таков ќе станеш.

Ела Пероци (1922-2001) е класик на словенечката книжевност, добро позната и на македонските читатели.

Илустраторката и сликарката Марленка Ступица (1927) исто така е легенда на југословенската и словенечката илустрација за деца - авторка на десетици незаборавни сликовници, меѓу кои една од најрепрезентативните токму е „Мојот чадор мож да е и балон”.

Во продолжение го претставуваме видеото направено според сликовница „Мојот чадор мож да е и балон” објавена во издавачката куќа „Темплум”, во едицијата „Во пет кај вртелешките!”.

Уредник: Никола Гелевски
Превод од словенечки: Давор Стојановски
Видео продукција: Кети Талевска
Снимател на звукот: Ивица Јанкуловски
Звучни ефекти: Бисера Анастасова
Читаа: Талија Настова и Никола Настоски
Издавач: Темплум, март, 2021.

Слични содржини

Уметност / Филм / Око
Книжевност / Музика / Око
Книжевност / Уметност / Настан / Филм
Книжевност / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото