1012 hPa
100 %
11 °C
Скопје - Пет, 31.05.2024 04:59
Патот во светлина се чини мрачен,
патот напред, се чини, води назад.
Лао Це
Ќе појдам пред, ќе стасам зад.
Ќе минам низ, ќе влезам во.
Ќе запрам на, ќе тргнам од.
Ќе се кренам над, ќе паднам под.
И тука ќе сум, а не ќе сум.
Дрочен, а испразнет од себеси.
Во кое пред да појдам, ако не зад?
Во кое низ да минам, ако не во?
Во кое на да запрам, ако не од?
Во кое над да скокнам, ако не под?
И тука ќе сум... Друг ќе сум.
Новороден, а веќе мртов.
Постојано треба да си тука,
а нетука, кога нешто се уништува
за да знаеш како сè завршува –
се зачнува.