Гол живот (фотографии)

20.06.22 18:30

Во саботата, на 18јуни, се одржа перформансот „Гол живот“ на Оља Грубиќ, во продукција на Виа Негатива. Перформансот се одржа во рамки на фестивалот „Прво па женско“.

Голите женски фигури бараат место во публиката, на сцената, покрај ѕидовите во просторот. Рендањето зеленчук има централна улога во перформансот: изведувачките рендаат моркови, тиквички и краставици во сексуално обележани положби. Жената е претставена како домаќинка и сексуален објект во еден чин, а во исто време, фрагменти од менталниот тек на изведувачот се расплетуваат паралелно со звукот. 

„Гол живот“ нѐ повикува да размислиме што значи да се биде вид на живо суштество во светот, да се има тело, услови за постоење, можност за живот? Идеологијата не е решение. Животот е надвор од тоа. Преку поетскиот јазик, „Гол живот“ ја визуелизира интимноста на животното присуство на човечкото тело и динамиката помеѓу неговото физичко, ментално и емоционално постоење.

Фотографиите се на Ванчо Џамбаски.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото