Говорот на очите

04.01.2023 12:03
Говорот на очите

 

Да кажете не кога Фидо ви го упатува својот најдобар „кучешки поглед“, може да биде исклучително тешко. Кучињата веќе со илјадници години ги наговараат луѓето, правејќи го овој кутар, симпатичен израз - што е способност која е веројатно резултат на селективното одгледување, вели една нова студија.

Ситните мускули околу очите и устата на копнените цицачи им овозможуваат обликување на безброј изрази на лицето. Тие мускули се послични кај луѓето и кучињата отколку кај кучињата и волците, вели студијата на истражувачите од Унивeрзитетот Дукејн во Питсбург. Кај волците повеќето мускули на лицето се составени од влакна кои бавно се мрдаат и поспоро се прилагодуваат, додека кај луѓето и кучињата повеќето мускули на лицето се составени од влакна кои брзо се мрдаат и брзо реагираат. Токму таа разлика во мускулатурата на кучињата им овозможува да прават „кучешки поглед“ и други жизнерадосни, човечки изрази кои волците не можат да ги прават.

Комуникацијата со мимика е „основна за сите луѓе“, вели главната авторка на студијата Ен Бароуз. „Така што делува разумно што во текот на селективното одгледување сме ги избирале кучињата што нè гледале во очите.“

Бароуз и нејзините колеги сега истражуваат дали еволуцијата на мускулите кои брзо се мрдаат околу устата на кучињата играла улога во лаењето кое тие го развиле за комуницирање.

Извор: National Geographic

ОкоБоли главаВицФото