1014 hPa
61 %
23 °C
Скопје - Пет, 17.05.2024 18:38
Јадро – Асоцијација на независна културна сцена, на 03 февруари (петок), во 10:30 часот, во КСП Центар Јадро, организира промоција на публикацијата „Културното дејствување на Град Скопје и Општина Центар“ во авторство на новинарот и уредник Ѕвездан Георгиевски.
Разговорот за културната понуда и можностите за културно дејствување овозможени од страна на Град Скопје и Општина ќе го водат авторот, Ѕвездан Георгиевски, и уредникот на публикацијата, Никола Гелевски.
Публикацијата ги анализира културните политики на Градот Скопје и Општина Центар, земајќи ги како типични примери на двата различни, ама најчесто применувани принципа на финансирањето на вонинституционалната култура од јавни, односно буџетски пари во нашата држава за 2021 и 2022 година.
Заклучоците и препораките кои произлегуваат оваа анализа подетално може да ги прочитате во текстот на уредникот, Никола Гелевски.