Протестен марш на „ТрансФорма“

03.04.23 11:23

На 31 март во Скопје стотина членови на овдешната трансродова заедница, активисти, пријатели, поддржувачи, се појавија пред Владата на Р.С.Македонија, и пред лицето на поделената јавност. Со насмевки маршираа до Собранието, во срцето на градот.

31 Март не е случајно избран ден. Тоа е интернационалниот ден на трансродовата видливост, покренат од Рејчел Крендал-Крокер, една од оние кои прашале: зошто празниците на трансродовите луѓе се траорни, посветени на луѓе кои заедницата ги изгубила? Зошто нема ден кој не се повикува на траумите на транс-луѓето, туку ги слави тие луѓе, заедно со целиот спектар на човеките идентитети и експресии!?

Од 2009-та 31 март е ден кога трансродовите лица се во центарот на вниманието и со тоа, меѓу другото, се придонесува за нивното поголемо разбирање во пошироката заедница.

Годинава Белата куќа го официјализираше денот како национален празник, а американскиот претседател Џон Бајден изјави: „ Денот на видливоста на трансродовите луѓе ги слави радоста, силата и храброста на некои од најхрабрите луѓе што ги познавам, луѓе кои пречесто морале да ги стават своите работни места, врски и животи во опасност, само за да бидат свои, во својот идентитет. Денес на милиони трансродови и небинарни Американци им покажуваме дека се со нас и дека треба да се однесуваме кон нив со достоинство и почит. Нивната храброст им даде сила и на безброј други, но никој не треба да покажува храброст само за да биде свој.“

Во Македонија здружението „ТрансФормА“ го организира овој марш, по петти пат, со конкретни барања и јасен фокус: „Како и претходните години, и сега децидно и недвосмислено бараме законот за правно признавање на родот да биде конечно ставен во собраниска процедура, со што пратениците ќе ја добијат можноста да гласаат онака како што ветуваа пред да бидат избрани и онака како што Европскиот суд за човекови права ѝ наложи на сегашната Влада. За политичките субјекти можеби е ова интригантна политичка игра и ловење пчолитички поени, но ние ве уверуваме дека за трансродовата заедница ова е единствен начин да ги остварува своите најелементарни човекови права“.

Погледнете, подолу, како помина настанот, низ фотографиите на В. Џамбаски.

Прилогов го уреди Ана Чушкова

ОкоБоли главаВицФото