Лудвиг ван Бетовен

28.06.2023 01:25
Лудвиг ван Бетовен

Лудвиг ван Бетовен (16 декември 1770 - 26 март 1827) е германски композитор, надмоќна музичка фигура во преодниот период помеѓу ерата на класицизмот и романтизмот.

Се смета за еден од најголемите композитори на сите времиња. Меѓу неговите најпознати дела се Петтата симфонија, Шестата симфонија, Деветтата симфонија, клавирските дела како, на пример, За Елиза, сонатите Патетична соната и Месечева соната, Клавирска соната бр. 23, Апасионата или последната, Клавирска соната бр. 32, Ц-мол, опус 111.

Животот и делото на Лудвиг ван Бетовен

Роден е во Бон, Германија, од таткото Јохан ван Бетовен (1740-1792) со фламанско потекло, и мајката Магдалена Кеферих ван Бетовен (1744-1787). Неговото семејство со генерации се занимавало со музика - неговиот дедо Лодевик ван Бетовен (1712-1773), по кој го добил името, бил бас пејач во дворот на Келнскиот електорат, а подоцна и капелмајстер (своевиден музички директор). Неговиот син, таткото на Бетовен, бил тенор пејач на истиот двор, а давал и часови по клавир и виолина како дополнителен извор на приходи. Сè до неодамна, голем број референтни литератури го означуваа 16 декември како датум на раѓање на Бетовен, зашто бил крстен на 17 декември, во време кога новородените деца ги крстеле еден ден по раѓањето. Меѓутоа, модерното учење ја отфрла таквата претпоставка.

Прв музички учител на Бетовен бил неговиот татко, музичар во изборното собрание во Бон и алкохоличар, кој го тепал во повеќе наврати, го будел среде ноќ во друштво на музичари - аматерот Тобајас Фајфер (кој всушност му бил првиот учител), кога почнувале лекциите со цел да го направи „музичко чудо“ како Моцарт. Меѓутоа, набрзо и други го забележале талентот на Бетовен. Кристијан Готлоб Неф го подучувал и вработил Бетовен, кој воедно добивал и спонзорство од Управничкиот електорат. Бетовен останал без мајка на 17 години и обврската за одгледување на двајцата помали браќа паднала на него. Неф го почитувал многу. Заминувајќи од Бон на почетокот од последната деценија од осумнаесеттиот век, Бетовен му рекол: Ако некогаш станам голем музичар, тоа ќе биде и Ваша заслуга.

По смртта на татка си во 1792 година, Бетовен се сели во Виена каде имал намера да студира кај Јозеф Хајдн. Бидејќи Хајдн имал малку време за предавање, го проследил Бетовен кај Јохан Албрехтсбергер. Набрзо добил репутација на клавирски виртуоз, и постепено, композитор. Најубавиот творечки период на Бетовен го обележала и една несреќа, која набрзо се претворила во уште поголем поттик за уметничко творештво: на неполни 26 години почнал да го губи слухот, заради што во 1808 година морал да ја прекине пијанистичката кариера. Се појавил само уште еднаш, во 1814 година, но во 1818 година глувоста станала и дефинитивна. Заради тоа со текот на времето имал специфична судбина и како диригент. Во одредени моменти во изведувањето морал да се вклучува и помошник, за да се спаси интерпретацијата.

Пијанистичката техника на Бетовен била револуционерна за таа доба. Ја красела неверојатна сила во брзите и силни музички текови, а изразена мелодичност во лесните и распеаните. Тоа била вистинска детонација на експлозив кон пијанистичката техника од стар ков која ги красела претходниците на Бетовен, која била споредувана со ракување со лак и стрела. Кога диригирал со оркестар, Бетовен се воздигнувал високо, моќно се исправувал кај силовитите и брзи звучни движења, а речиси се наведнувал под пултот кај умерените, бавните и распеаните. Како интерпретатор генерално бил немирен, плашлив, емотивен но и мошне експресивен, па дури и совршен.

Кога глувоста станувала поизразена, сето тоа го поднесувал сè потешко, се затворал во себеси, избегнувал луѓе, со своите пријатели комуницирал преку тетратки, кои подоцна се печателе и продавале, а откриле голем дел од душата на овој уметник. Последните девет години од својот живот, кога глувоста станала дефинитивна, се повлекол во сопствениот свет на тишината, во кој ги создава своите најголеми ремек дела: Мису Солемнис, Хамерклавир соната, Деветтата симфонија и последните Гудачки квартети. Она што е помалку познато и главно заради обѕирност не се наведува во официјалните извори е тоа што Бетовен ги заработил глувоста и бавната и прерана смрт, благодарение на претераното консумирање алкохол.

Превод: Алек Кузмановски

Извор: https://portaloinvalidnosti.net/

ОкоБоли главаВицФото