Одмор да ти било голема работа!

07.07.2023 16:05
Одмор да ти било голема работа!

 

Срцето ми се крши од работа.


Тоа одмор да ти било голема работа бе!


Имам видено 10 саати спиење како се влечат по улица и 2 саати сонување како прават живот.


Пристанав ради исправност, прилегнав ради рамноправност.


Стапалата ме одржуваат во жив ôд.

 

Воркохолик иде на одмор на Ажурна обала.


Што и да си, во Турција сКушадаси.


Сѐ што треба за колоната во која возиш да почне да се движи побрзо е да се преместиш во другата колона.


Што знае мравка што е блага депресија.


Викај ме флекси-билка и навади ми ја душата.

 

Манекенка полага за одење на испит.


Пред да влезе во теретана беше Игор. Кога излезе, беше Развигор.


Како не ви е грев да ставате пешачки премини врз кутрите лежечи полицајци!


Изгубена е сметка за вода во очите. Коj ќе ја види скапо ќе плати.


Конечно еднаш на време да задоцнам. А мислев дека ќе задоцнам.

 

Виножито е облаче што лобува.


Елеватор е лифт-нудист.


Каде се и што прават тетратките со дебели корици што ни служеа ко лопатки за пинг-понг?


Временските машини се вратија во мода.


Едно време носев протеза за израмнување на забите. Тоа беше... незаборамно.

 

Извор за стрип панелите: Pappy's Golden Аge

 

ОкоБоли главаВицФото