Квадратна фудбалска топка како метафора за бариерите со кои се соочуваат жените во спортскиот свет

02.08.2023 12:32
Квадратна фудбалска топка како метафора за бариерите со кои се соочуваат жените во спортскиот свет

Појавувањето на новиот концепт на неофицијална фудбалска топка за натпревари за време на подготовките за Светското фудбалско првенство за жени за 2023 година, почнува да ги предизвикува конвенциите залагајќи се за родова еднаквост во фудбалот.

Таканаречената Unplayball (Топка со која не може да се игра) замислена од креативното дуо Оливер Биниан и Вилем Слегерс, со својот неконвенционален и донекаде непрактичен дизајн, е дизајнирана да ги разбие бариерите со кои се соочуваат жените во спортскиот свет.

„Со оваа уникатна топка во форма на квадрат, сакаме да ги истакнеме проблемите со кои се соочуваат жените и девојките секогаш кога ќе излезат на теренот“, забележува Биниан.

Неофицијалната фудбалска топка за Светското фудбалско женско првенство за 2023

Во индустријата обележана со дискриминирачки стереотипи, родови разлики во платите, ограничено медиумско покривање и несоодветни капацитети, женскиот фудбал долго време мораше да се соочува со низа предизвици.

„Може да се каже дека таквата поставеност е како играње со квадратна топка”, додава Оливер Биниан. Како и да е, квадратната форма на Unplayaball служи како моќна метафора, претставувајќи ги тешкотиите со кои се соочуваат жените играчи секогаш кога ќе излезат на теренот.

Овој фудбалски концепт, и покрај тоа што е неофицијален, стои како симбол на зајакнување и напредок, повикувајќи на застапување за унапредување на женскиот фудбал.

Дизајнерското дуо, Оливер Биниан од Англија и Вилем Слегерс од Холандија, моментално рабои во компанијата DDB Amsterdam/180 Amsterdam. Со разновидна дизајнерска позадина и фокус на создавање концепти кои се и забавни и наменски, тие имаат за цел да пренесат едноставни, но влијателни идеи на филм, преку разновидни активации и дигитални кампањи.

Извор: https://www.designboom.com/