„Животот под лупа“

26.09.23 09:43

Едно од најновите изданија на американската поштенска служба содржи суштества толку микроскопски што се премногу мали за задната страна на поштенската марка. Неодамна објавената колекција „Животот под лупа“( Life Magnified ) содржи дваесет од најситните живи форми во светот, од кластер на еластични црвени крвни зрнца и прамен од коса до широката мрежа на мозочни неврони на глувче.

Додека за повеќето поштенски марки е потребно намалувалување на димензиите на фотографијата или илустрацијата за да се вклопат во границите на правоаголната налепница, за оваа серија поштенски марки било потребно зголемување на сликите за да се откриатј екстремно малите, но впечатливи, живописни детали.

Риба-зебра

Поштенската служба на Соединетите Држави (USPS) преку серијата нови поштенски марки кои прикажуваат слики снимени со помош на микроскопи и специјализирани фотографски техники ја слави убавината на микроскопскиот живот.

Црвени крвни зрнца

Оваа нова колекција насловена „Животот под лупа“ бешеобјавена на церемонија што се одржа во партнерство со Американското филателистичко друштво на Големото шоу на американски поштенски марки во Кливленд. Дваесетте поштенски марки прикажуваат необични слики на некои од најмалите компоненти на животот.

Коскено ткиво на сколовранец

„Обично ги смалуваме сликите за да се вклопат на поштенска марка. Во овој случај, ги зголемивме сликите до големината на поштенска марка - тоа не се случува често“, вели Лук Гросман, виш потпретседател за финансии и стратегија во Поштенската служба.

Пудрест слој од крилјата на молец

„Еден познат цитат гласи: „Колку повеќе знаеш, толку повеќе сфаќаш дека не знаеш.“ Како што покажуваат овие поштенски марки, постојат светови што треба да се истражат, дури и на микроскопско ниво.

Неврони на мозокот на глушец

Дери Нојс, уметнички директор на Поштенската служба ги дизајнираше печатите и окното користејќи постојни фотографии кои се снимени со користење на различни техники, вклучувајќи конфокална микроскопија и Колер техника за осветлување.

Жабри на печурка

Од Поштенската служба објаснуваат дека процесот на конфокална микроскопија скенира примерок за да создаде неколку оптички делови од темата кои потоа се подредуваат за да се обезбеди поширока длабочина на поле за подобро да се прикаже темата, а на тој начин може да се користи и за тридимензионална реконструкција.

Површина на дабов лист

„Техниката за осветлување Колер го елиминира нерамномерно осветлување во видливата област на леќите на микроскопот. Флуоресцентните слики користат специјални бои кои се апсорбираат од примерокот за бојата да биде доведена до флуоресцентност , и како реакција од осветлување то со висок интензитет, прават примерокот да свети“, објаснуваат од Поштенската служба.

Полен од „пламен крин”

„Со инкорпорирање на естетска привлечност во начините на кои ги презентираат своите истражувања, научниците создадоа слики подеднакво погодни за галериски ѕид како и за научно списание. Нивната работа ја открива величественоста на животот во екстремно мали размери“.

Антена на молец

„За секој кој не е експерт во областа, микроскопските слики, со сите нивни вонземски, понекогаш апстрактни форми, може да предизвикаат збунетост. Се надеваме дека ова е добар вид на збунетост… Добрата конфузија предизвикува одреден степен на непријатност, ментално чешкање што доаѓа со препознавање на празнината во нечие знаење. Се надеваме дека овие поштенски марки ќе го промовираат тој момент во јавноста и ќе ги инспирираат поединците да стекнат знаење за да ја објаснат природата на сликаната тема“, вели д-р Игор Сивановиќ, научник од Медицинскиот институт „Хауард Хјуз”.

Човечка коса

Сликите не се само убави, тие имаат и научна вредност. Фотографијата на малолетната риба-зебра, направена од Даниел Кастранова, открива присуство на лимфни садови во черепот на рибата, кои претходно никогаш не биле забележани во черепите на овој тип на животни.Од а USPS објаснуваат дека ова револуционерно откритие може да им помогне на научниците да формираат подобро разбирање за човечките болести.

Пердув од ара папагал

Колекцијата вклучува работа и од други истражувачи од Националниот институт за здравје, вклучително и д-р Тагиде де Карваљо, директор на установата за фотографија на Универзитетит во Мериленд во округот Балтимор, кој направи фотографи на сликите со лисја од мов и спори на мувла, и Џејсон Кирк директор на одделот за Оптичка слика и Витална микроскопија на Медицинскиот колеџ „Бејлор”, Хјустон, кој ги направи фотографиите од дабови листови и мозочни неврони на глушец.

Спори на мувла

„Почестен сум што сум дел од изданието на поштенски марки „Животот под лупа”, кое е толку моќен начин да се пренесе на јавноста откритието својствено за научното сликање. Голем дел од биолошкиот свет не може да се види со голо око, а микроскопијата ја открива внатрешната убавина на природата додека фотоапаратот зумира“, вели д-р де Карваљо.
Лисја од мов

Поштенските марки од серијата „Животот под лупа” се издаваат во пакет од 20 и се класифицирани како поштенски марки чија важност останува засекогаш, што значи и дека секогаш ќе бидат еднакви по вредност на тековната цена за пошта од прва класа.


Организам наллик на сино копче

Акрон барнакул (мал рак)

Подредени дијатоми

Нозе на барнакул

 Јазик на полжав

Предна нога на нуркачка бубачка

Протозони на свежа вода

Извор:https://petapixel.com/

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото