Изложба по повод десет години од постоење на одделот Мултимедија и предметот Фотографија

26.12.2023 13:29
Изложба по повод десет години од постоење на одделот Мултимедија и предметот Фотографија

На 27 Декември, среда, во 20 часот, во галерија „Лазар Личеноски” ќе се одржи јубилејна изложба по повод десет години од постоење на одделот Мултимедија и предметот Фотографија.

Креирање на ликовни дела преку фотографскиот објектив или со дигитални алатки одамна е составен дел од мозаикот на ликовното творештво.

Успехот на учениците од уметничкото училиште „Лазар Личеноски” целосно ја оправда потребата да се воведе одделот Мултимедија (Дигитална уметност / Анимација / Видео и Звук) и заедно со предметот Фотографија станаа основа за успешно соочување со предизвиците на современата уметност на досегашните, но и на идните генерации во училиштето.

ОкоБоли главаВицФото