Фузија од скршени чинии и цртежи

26.01.24 12:58

Кога некоја од комплетот стари порцелански чинии оставени во наследство случајно паднала на подот и се скршила, наместо да се обидува да ги залепи парчињата, уметникот Роберт Страти смислил покреативен начин да го зачува духот на предметот.

Тој ги реди фрагментите на дводимензионална површина, имитирајќи го начинот на кој парчињата се расфрлаат кога чинијата се крши, па така почнал да прави комплексни цртежи со мастило кои се шират од оригиналниот дизајн.

Случајното кршење на еден таков предмет го поттикнува развојот на неговата тековна серија насловена „Фрагментирани”, која, како што вели тој, ги истражува „можностите на скршените работи и приказните што можат да се развијат од нив”.

Користејќи мастило што одговара на оригиналните, монохроматски бои на старинските чинии, Страти ги продолжува линиите и дезените во сценарија кои изгледаат како да потекнуваат од светот на соништата. Преполни со фигури, бродови и животни, пасторалните пејзажи се прошируваат во експанзивни глетки, а надреалните сцени никнуваат од декоративните рабови.

 

 

 

Извор: https://www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото