Боли глава

Човек и мајмун

Секаде во светот се учи дека Бог го создал човекот. Само во нашите училишта се учи дека човекот настанал од мајмун.

Плуми Велиу, вероучителот од Битола револтирано ја коментира одлуката на Уставниот суд за укинување на веронауката во основните училишта

29.04 2009
Вероучител таксист

Отпуштените вероучители ќе бараат спас на улица и ќе сакаат и тие да возат такси, како и другите отпуштени работници. Но, нема повеќе место за таксисти

Стојанчо Ковачевски, претставникот  на таксистите е загрижен поради  можноста вероучителите да им ја земат работатa

28.04 2009
Создавање идентитет

Српските манастири никогаш не смеат да станат пиони во опасната игра на создавање идентитет.

Вук Јеремиќ, српски министер за надворешни работи, пред извршниот одбор на Унеско во Париз, 21 април, 2009

27.04 2009
Момент на искреност

Од мојата партија? Па, сите партии се мои!

Борис Тадиќ, претседател на Србија, одговара на прашањето дали некој од неговата партија ќе го напушти членството во некои управни одбори, 12 април, 2009

24.04 2009
Тито и јас

Никогаш тоа не сум го рекол. За жал, јас бев на спротивната страна и нема шанси да сум рекол такво нешто. Да речев такво нешто, мајка ми ќе се дигнеше од гробот и ќе ми плеснеше шамар.

Ќиро Блажевиќ, селектор на фудбалската репрезентација на БиХ, одговара на прашањето зошто рекол дека сака да биде закопан покрај Тито

22.04 2009
Полудениот академик

Тој социјален, политички и морален талог на трибалниот варварски Балкан ги зема за сојузници Америка и ЕУ против најдемократскиот, најцивилизираниот, најпросветениот балкански народ - српскиот народ.

Добрица Ќосиќ, писател и бивш српски претседател, ги опишува Албанците во својата нова книга „Време на змиите“

21.04 2009
Викендаши

Имаат сè што треба... медицинска помош, топла храна... Се разбира, сместувањето во коешто се е малку привремено... Но, би требале на тоа да гледаат како на викенд на кампирање.

Силвио Берлускони, италијанскиот премиер, ги охрабри илјадниците бездомници по разорниот земјотрес

16.04 2009

Чувствувам потреба од разговор за Персија, за сите култури, за сите работи овде, јас стигнав до тука, но сакав да одам уште подалеку, чувствувам интерес за јазикот и за начинот на кој пишувате и за писменоста кај вас. Јас не одев за да водам војна. Јас сум пред вас заради култура, сакам да знам за вашата лингвистика. Не треба да војуваме, треба да создаваме пријателства среде народите, да ги доближиме гледиштата...

Духот на Александар Македонски му се обраќа на американскиот спиритист Херман кој, пак, му се обраќа на македонскиот историчар Донски

15.04 2009
Тркалезно па на ќоше

Тоа е разумен компромис, не можам да ви објаснувам. Сфатете го. Веројатно треба да знаете за што станува збор во преговорите. Јас не можам да ви објаснувам сега. Видете, не зборуваме за промена на името, ве молам проучете го проблемот со преговорите што ги водиме со Република Грција и тогаш ќе можам да ви одговарам на прашањата.

Ѓорге Иванов им објаснува на новинарите што е „разумен компромис“

14.04 2009
Да не боли глава

Ги повикувам сите да излезат на избори, дури и ако ги боли глава. Нека испијат аспирин за да не ги боли главата следните четири години.
Иво Санадер, хрватскиот премиер, ги повикува гласачите да излезат на локалните избори закажани за 17 мај 2009

13.04 2009
Докажи дека не си виновен

„Во образложението на пресудата, судијата Јани Нича, објасни дека Тупурковски и Андонов не успеале да докажат дека не се виновни“.

07.04 2009
Контрамитингаш

Утре во 12 часот, на плоштад во Скопје, најверојатно, збирштина од геј и атеисти ќе се обидат да шират гадости под закрила за грижа на архитектурата на градот, а против изградба на црква.
Јанко Јадибурек, 27.03.04, на својот блог
 
Клетиот Турчин против македонскиот народ, пак
Бараме веднаш да престане хајката против МПЦ и македонскиот народ.
МСУ никогаш не реагирала против изградбата на 8 џамии во Скопје и 51 џамија од Карпош до Кичево, само во последниве 10 години.
Затоа, бараме Ѓунер Исмаил, Ерол Ризов, Срѓан Керим и Велија Рамковски преку нивните медиуми да престанат да прават хајка поради изградба на 1 (една) црква.
Македонска студентска унија

02.04 2009

Да беше опозицијата организатор, немаше да бидеме тепани, да нема дилеми.
Љубомир Фрчкоски (изјава по повод инцидентот на плоштадот на 28.03.2009)

31.03 2009
Лолита, Букарски и Јадибурек

Јанко, ти се восхитувам, од првиот момент кога го чув твојот глас знаев дека тоа не е глас на обичен човек, имаш непобитен Мартин Лутер Кинг квалитет, не е чудо што луѓето имаат потреба да ти се исповедаат. Те љубам.
(LOLITA 30 Март, 2009 - 01:29 |)

Јанко, исклучително те ценам. Особено со овој твој последен гест и држење околу целата ситуација уште повеќе ме фасцинира.
(aleks.bukarski 30 Март, 2009 - 01:48|)

Хал 9000 вели -
најдобро е едно битие што може да стори е да работи најдобро што може во склад на своите способности
(jadiburek 30 Март, 2009 - 02:20|)

коментари на блогот на Алекс Букарски

30.03 2009

Препорачуваме

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

ОкоБоли главаВицФото