Боли глава

Енвер Хоџа јавно бричел и шишал мажи кои пуштале брада и коса

Инаку, меѓу другото, Енвер Хоџа јавно бричел и шишал мажи кои пуштале брада и коса. Пред да ги однесе во станица на претепување и/или затвор. А и не бил, да ви кажам, фан на џинс. Особено не на слим.

Така што, малку доследност, молам, како основна неопходност дури и во политичката шизофренија.

Катарина Синадиновска, 12.04.23.

нема
14.04 2023
25.713 км2. Ова е сè за кое треба да се грижиме.

Околу 25.713 км2 површина која ја нарекуваме Македонија - земјата каде живееме.

Со околу 40-тина планини, 24 котлини, 1600 реки и водотеци, (едвај) 3 природни тектонски езера, 4 национални парка, 1 вид рис, илјадници ретки, загрозени и важни видови растенија, габи и животни. Кањони, клисури, суводолици, ридови, чуки, ували, вртачи, сипари, пештери и јами. Шуми, ливади, полиња, пасишта, оризишта, овоштарници и ниви. Локви, бари, тресети, мочуришта и блата.

Мутаво мал дел од Земјината кора за кој треба да се грижиме. Тоа значи да не го: палиме, копаме, бушиме, загадуваме, сечеме, уништуваме, продаваме, раздаваме, злоупотребуваме, ебаваме.

Да не го даваме на криминалци, шверцери, дилери, курајбери, шалабајзери, терористи, министри со тупе и белосветски клошари.

Да ви се намочам на недомаќините, што не знаете грст земја да чувате! (Убаво го срочил ова Przo војвода.)

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 09.04.23.

нема
12.04 2023
НЕ БИДИ ЃУБРЕ е култура на живеење

Со мојата работа сум ги понижувала комуналците.

Со мојата работа сум си ја чистела прљавата совест.

Со мојата работа сум се борела за фотеља.

Среќа, та не се доктори овие грандиозни мислители и дијагностичари, сите ќе испоцркавме...

Имајте убав ден, не фрлајте кај стасате, не ја чистете колата на семафори и по паркинзи, со гребло ќе ве мавам.

НЕ БИДИ ЃУБРЕ е култура на живеење и најмалку има врска со ѓубрето.

Ваша, #ПрваМетла

Ирена Ристиќ, Фејсбук, 20.03.23.

нема
07.04 2023
Се бориме за политики кои ќе дадат основа за идни законски решенија

Интересни ми се „обвинувањата“ од одредени групи дека организациите делувале политички и работеле на промена на закони за вклучување на ЛГБТИ луѓето во истите. Не ја разбирам екстазата небаре откриле долго криена тајна. Токму тоа е суштината на работата на организациите и истото се нарекува - застапување, што е клучна активност на граѓанското општество. Токму истото го прават и групите кои обвинуваат. Се застапуваат за закони кои ги исклучуваат ЛГБТИ луѓето. И двете форми на делување (и на организациите и на анти-родовите иницијативи) се апсолутно политички.

Ние се бориме за политики кои ќе дадат основа за идни законски решенија. Тие се борат за политики кои ќе дадат основа за идни законски решенија. Методот е ИСТ. Разликата е само во тоа што ние работиме за вклучување на сите луѓе во законската заштита, а тие работат за исклучување на одредени групи од истата.

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 27.03.23.

04.04 2023
Стигматизирањето на Славјанка е стигматизирање на мнозинството луѓе

Зборувањето јавно за нечие ментално здравје и вадењето на доверлива медицинска документација на увид на јавноста е еден од најгнасните чинови во нашето Собрание.

Пратеникот Драган Ковачки вчера на говорница извади медицинска документација од специјалист психијатар за министерката за одбрана Славјанка Петровска со која наводно докажува дека пиела седативи. Не само што е грозен чинот, туку е и казнив со закон.

Конечно, денес речиси да нема човек кој има потешкотии со менталното здравје, страда од анксиозност, депресија и слично. Стигматизирањето на Славјанка е стигматизирање на мнозинството луѓе, а стигматизирањето на обидите за надминување на овие состојби (меѓу другото и со медикаменти) е директен удар врз јавното здравје.

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 29.03.23.

31.03 2023
Реално немаме пари за да испечатиме учебници

Реално немаме пари за да испечатиме учебници по сите предмети во средното образование.

Јетон Шаќири, министер за образование; Детектор, 25.03.23.

нема
29.03 2023
Четирите основни столба на човештвото

Четири основни столба на човештвото се добро, зло, машко и женско.

Венко Андоновски на трибина во Струмица: „Зошто Не за сексуалното образование во училиштата“; 17.03.23.

нема
26.03 2023
Од вкупниот буџет за култура 51,3% оди за платите

Намалениот буџет на Министерството за култура за оваа година се должи на фактот дека моравме да ги обезбедиме платите на културните работници коишто се гарантирани со Колективниот договор.

Колективниот договор ги унапредува платите на културните работници и стабилноста на функционирањето на културните работници и културните установи беше предизвик кој го поставивме во фокус, бидејќи од вкупниот буџет 51,3% се препишува на платите.

Бисера Костадиновска-Стојчевска; Канал 77 Рацин.мк, 18.03.23.

нема
24.03 2023
И не туку се сили прчле едно, Костадинчо!

Ако веќе не го едуцирала партијата под чиешто знаме, односно идеолошки вредности и политички ставови, дошол на власт и градоначалничка позиција, тогаш некој треба да му каже на Костадинчо дека:

- православието може да биде негова слобода на вероисповед (определба тешка работа, ваљда не бил вундеркинд кога при крштевка го определиле други) кога лично, приватно, во свое име, како Коки, ќе оди на Црква, ќе се моли, ќе чита и верува во Библијата, во потопи, распнувања, воскресенија итн.

- А кога како градоначалник, во име на функцијата, канцеларијата која претставува граѓани, различни, плурални, сингуларни, а не верници на оваа или онаа вероисповест, ќе седи во прв ред на омразосеечки мизогини хетеропатријархални и христијански трибини, и како градоначалник ќе ги поддржува таквите собири во име на општината, ќе се влажни, восхитува, екстазира на секоја изречена глупост, тогаш, Костадинчо, тоа не е слобода, туку ја преоѓа границата накај теократско и фундаменталистичко политичко владеење, што е сè само слобода не. Крвта низ историјата и континентите ни е сведок за тоа!

И не туку се сили прчле едно, не туку претај ко рането маженце, туку сведни глава, ќути, и извини се кога граѓаните и целата платформа за родова еднаквост те искритикувала. Ако не иди си у ВМРО, Интегра или биди клисар.

Славчо Димитров, Фејсбук, 22.03.23.

нема
22.03 2023
Проблеми со кожа? Кај просурфав, кај се запустив!

Кај ми се јавија некои проблеми со лицето, кај просурфав кај се запустив! Знаете ли дека има лепенки за очни капаци, значи лепенки, ко селотејп, па да ти ги држат капаците демек подигнати, младешки изглед као, па врз селотејпот и шминка си ставаш! Па ботокс на трепки, па имаш руски усни (какви се тие усни побогу?), па имаш некои хемикалии за усните, да си ја смениш природната боја на усната, па веѓи јапонски корејски цртани полуцртани, па попусти на групер од само 48 илјади ботокс сега за 40.000! Серуми за масна кожа ама сува брада, масна Т зона а сува кожа, серум за сѐ, серум за лице ама не за околу усни, пептиди кои ќе те направат 20 години помлада, 584 видови хијалуронски киселини...

И ајде сѐ ова ок, иако сериозно можеш да збудалиш читајќи, туку ако имаш реален проблем, термин на дерматолог нема во наредни 2 недели! Никаде! Сѐ е посветено на пролетни разубавувања, преполни сме госпоѓо со третмани, докторката може да ве види дури во април. Им пишуваш, ти викаат, аааа ние не можеме совет да ви дадеме освен да ви ја предложиме козметиката со која работиме (читај: земаме процент). Ти иде на крај немиен да си легнеш и да оставиш сѐ на природата, а за свечени пригоди една точка Бекутан и ајт!

Мери Јордановска, Фејсбук, 19.03.23.

нема
19.03 2023
Ептен сте завидливи!

Секаде во светот, кога фирма што произведувала гашти ќе добие тендер за надзор на изградба на автопат, тоа се смета за успешна приказна, само кај нас за корупција.

Значит, ептен сте завидливи!

Иљче Затаракоски, Фејсбук, 14.03.23.

нема
15.03 2023
Прашање кое ме мачи

Како имаме кусок работници во градежништвото, па мораме да ги увезуваме, а имаме вишок станови? Ако се престане со градежната експанзија, можеби тие што сега работат на згради за домување ќе се префрлат на нискоградба и комерцијални објекти. Можеби затоа, при подготовка на политики за увоз на работници, не мора само со комори да се збори.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 14.03.23.

нема
14.03 2023
Секаде е убава традиција, а кај нас е непотизам

Кога синовите и ќерките ќе ги наследат своите родители, секаде тоа е убава традиција, а кај нас е непотизам.

Елвин Вели, Претседател на Здружение на обвинители; Детектор, 04.03.23.

нема
08.03 2023
На 17 јуни 2018 г. македонскиот народ целосно исчезна од меѓународната сцена

Би сакал уште еднаш да потсетам, за што сум говорел многупати, дека до 16 јуни 2018 година за повеќе од 130 држави и за речиси 80 проценти од жителите на планетата Земја ние бевме Македонци што живеат во Република Македонија, а веќе на 17 јуни 2018 г. – само еден ден подоцна, македонскиот народ целосно исчезна од меѓународната сцена. Затоа, повикувам: одговорните за овој грозоморен чин јавно да им се извинат на Македонците, договорите со Грција и со Бугарија, коишто претставуваат културен геноцид на Македонците, во колективната меморија на македонскиот народ да се именуваат со синтагмата „македонски холокауст“.

Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ; годишно Собрание на МАНУ, 21.02.23.

нема
05.03 2023

Препорачуваме

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

ОкоБоли главаВицФото