Боли глава

Не станува збор за евроскептицизам

Не станува збор за евроскептицизам. Туку за недоверба во преговарачкиот капацитет на оваа власт која нè убедува дека еве, само уште Бугарите во Уставот, и нема да има други барања. И за недоверба кон опозицијата која не е искрена кога вели дека не прифаќа промена на Устав под бугарски диктат. Но, најмногу за чувството на измаменост од ЕУ. Која не може да осигура дека ќе нема ново бугарско вето што ќе ги понижи Македонците.

Горан Михајловски, СДК, 26.08.23.

нема
29.08 22:20
Европа, Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО ДПМНЕ

Европа, Светот прави стратегија како да го скрши ВМРО ДПМНЕ и оние 44 пратеници да изгласаат предавнички уставни измени. Немојте да мислите дека Ковачевски, Ахмети или Османи се тие, и немојте да мислите дека е лесно. Не е лесно. Силна борба се води за да се одбрани честа на македонскиот народ, кои овие корумпирани, ситни владини функционерчиња го продадоа македонскиот народ. Ќе се бориме, не знам дали ќе успееме, можеби нас ќе нè нема, но ќе се бориме, и ќе издржиме и јас ветувам, уставни измени под бугарски диктат нема да има, тоа го имате од мене како ветување.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, пред партиското членство во Кичево, 22.08.23.

нема
25.08 10:28
Ќосето ликвидира „30–40 души ќумурџии, заедно со нивниот добиток“

Ѓорѓиев, пак, во својата книга укажува дека „…кога зборува за својата активност во Гевгелиско при настојувањето за заштита на прекумерната експлоатација на шумите од страна на поедини бегови, Ќосето вели дека со својата чета ликвидирал 30–40 души ќумурџии, заедно со нивниот добиток.“ Ѓорѓиев го пренесува во фуснота и следното раскажување од „Спомените“ на „Ќосето“: „Групата Цигани и Турци требаше да мине од тука за Кожуф планина, зашто друг пат немаше. Едно утро при изгревот на сонцето, ете групата се појави од далеку. Ги опколивме, ги фативме и им теглевме еден сатар. Беа околу 30–40 души. Коњи, кучиња, магариња, мулиња, сè мина под сатар. Ние бевме околу 10-12 души. Имаше и 2-3 кучиња и нив ги истепавме.“

Жарко Трајаноски, Окно, 22.08.23.

23.08 12:52
Дисперзираниот жолтоклунец Попов од ВМРО ДПМНЕ

Некој дисперзиран жолтоклунец Попов од ВМРО ДПМНЕ вели, недоволно се вложувало во образованието. Оти во вмровско груево си знаевме дека сѐ ни е доволно само да не се расипува уште.

Заборавивте дека ВМРО ДПМНЕ направи закон со дебилно екстерно за студенти со жигосување? Зошто ви излегоа сите студенти и ве паднаа?

Заборавивте дека имаше екстерно за основци на раскантани компјутери „за секое дете” со незаконски кец во свидетелство и казни за неподобни наставници по вмровски критериуми?

Та вмро нема комисија за образование, има компанијамесоборанија кружок за како ќе каже боксерот или билдерот.

Наместо да се скрие вмро под ќебе на тема образование (да не зборувал и за наука, дисперзираниов), тие се прават на тошо!?

Емилија Целакоска, Фејсбук, 18.08.23.

нема
21.08 17:09
Нашиот главен општествен договор е згазен

Кога ќе ви дојде општеството на дереџе да нема никаква верба дека правдата воопшто постои – тогаш веќе ништо не е важно. А, кога ништо не е важно – сѐ е можно.

Вклучително и свесното ризикување човечки животи, кои веќе не вредат пет пари.

Македонија во моментов е во ситуација кога нашиот главен општествен договор – да имаме држава – е згазен.

Владеењето на правото, општествениот ред, законите еднакви за сите и јавниот интерес како општествен императив се основни предуслови за збирот луѓе кои направиле заедница да може да се нарече Република.
Ние на тоа веќе не личиме.

Немаме веќе луксуз на поделби по ниедна друга основа освен по главната – сакаме ли да имаме држава?

И ние сме тие кои ќе мора искрено да одговориме на тоа прашање, со вкалкулиран ризик дека потврдниот искрен одговор веројатно ќе значи и удар по сопствената комоција.

Катарина Синадиновска, Солуција.мк, 16.08.23.

нема
16.08 14:10
За Гордана Гоџо и „Коалицијата за заштита на децата“

Мнозинството медиуми не согледаа дека највидливата медиумска гласноговорничка на т.н. „Коалиција за заштита на децата“ е дел од раководството (и донаторка) на проруската партија „Родина Македонија“ – еден од најексплицитните извори на руска пропаганда со дезинформации во Македонија.

Партијата „Родина Македонија“ (која произлегува од здружението МИР – кратенка од „Македонија и Русија“), на 20 јануари 2022 организираше протест пред украинската амбасада против „глорификацијата на нацизмот во Украина”, а по воената агресија на Русија врз Украина, му даде отворена поддршка на Путин за „дефашизација“ на Украина пред руската амбасада.

Во овој период, највидливата медиумска гласноговорничка на т.н. „Коалиција за заштита на децата“, Гордана Гоџо, беше споделувач на проруски дезинформации на Фејсбук на многу теми, дел од нив означени од оваа социјална мрежа како „лажни информации“.

И претходно, за време на ковид пандемијата, Гоџо ширеше заплашувачки дезинформации за вакцините, а проруската „Родина Македонија“ ѝ овозможи видеоплатформа за дополнително ширење дезинформации и теории на завера за пандемијата и вакцинацијата.

Славчо Димитров, Фејсбук,10.08.23.

нема
14.08 10:41
По урнекот на САНУ и Милошевиќ

Албанија и Косово имаат обврска заедно со Академиите на науките и уметностите во Албанија и Косово да направат стратегија што никогаш не ја направиле. Краткорочна, среднорочна и долгорочна стратегија за синхронизирање на акциите на Албанците во регионот каде што живеат.

Арбен Таравари, лидер на партијата Алијанса; top-channel.tv, 29.07.23.

нема
11.08 11:54
Хипици, панкери и јогисти го ослободија Мавровско езеро

Јас можам да замислам како членовите на Rainbow Family им изгледаат на локалното население. Можам да го замислам и инстинктивниот страв од нешто поинакво во традиционалната заедница, нешто што може да остави трајни последици врз нивните навики и нивното сфаќање на „нормалноста“.

Но, се надевам дека „показната вежба“ со чистењето на отпадот и демонстрирање на можноста на живеење слободен живот можеби ќе фатат некој пелцер и во нашето природно и општествено опкружување.

Значи, да ја поправиме констатацијата од цитираниот наслов на почетокот на текстот. Не, не го запоседнаа Мавровско Езеро странски хипици, панкери, јогисти (што и да значи тоа), туку го ослободија. Засега само од сметот.

Ѕвездан Георгиевски, Призма, 07.08.23.

нема
09.08 10:46
Штом така вели Димче, етничките Албанци нека ги напуштат институциите

Кога сме кај Албанците, кој го спречува Бујар Османи, заедно со другарите, да конституира федерален ентитет во Тетово и во северозападна „Северна“ Македонија, бидејќи Димчето, тоа депресивно суштество, замислете, „му забранува од името на македонскиот народ да преговара за македонскиот идентитет и јазик со официјална Софија, бидејќи бил Албанец“.

Добро, штом така вели Димче, тогаш етничките Албанци нека ги напуштат институциите на системот и нека си направат свои. Во тој и таков случај Фрицел од Велес ќе хистеризира дека „Американците ја федерализирале Македонија“.

Неверојатна шизофренија, за која и Зигмунд Фројд да стане, да го види тоа, ќе се самоубие!

Благојче Атанасоски, Слободен печат, 05.08.23.

нема
07.08 09:29
Бесни приказни

За 120 роденден на современа Македонија посакувам вадењето македонски пасош, тој врвен израз нашата взаемна поврзаност, обврзаност и лојалност со македонската држава, да стане процес кој е соодветен на нивото на таквата врска. Посакувам тоа да личи на современа европска држава, па уште и кандидатка за членка во ЕУ, а не на налик на најретроградна полициска држава која ужива да го понижува, репресира, гази и измолзува својот суверен.

Aпликацијата за закажување документи ги исполнува сите фамозни клишеа и вицови за полицијата оти е најглупавата и најбрука од апликација која е смислена, просто да не ти се верува дека тоа е официјална државна апликација.

Просториите и кабините кај МТВ се комбинација на хорор, грозотија и грдотија. (...) Ѕидовите нечисти, неискречени којзнае од кога, стаклата исто, подовите, пултовите, ма сè, да ти се поврати. На еден гипс-ѕид од кабина дури има и дупка, како од тупаница, како на некој кутар сограѓанин да му „пукнало”, како во една од приказните во аргентинско-шпанскиот филм „Бесни приказни” (Relatos Salvajes).

Каролина Ристова Астеруд, Фејсбук, 02.08.23.

нема
05.08 18:25
Илинденски говор на политичар

Не треба јазична форензика за да се препознае состав од домашна работа за трето одделение во илинденски говор на политичар.

Марина Костова, Фејсбук, 02.08.23.

нема
02.08 12:06
30 години бесрамно и брутално криминално го ограбуваат градот

о боже, се ближи уште една округла годишнина од скопскиот земјотрес, кој ли ќе го слуша трескањето од земја на разни политичар(к)и со усти полни пиетет за „градот на солидарноста“, додека 30 години систематски, бесрамно и брутално криминално го ограбуваат, пустошат и го прават бетонско чудовиште, грдосија поружна од најружен кошмар. амин.

Марина Костова, Фејсбук, 20.07.23.

нема
28.07 16:51
Град на солидарноста

ДАЛИ ЗНАЕТЕ... Институтот за македонски јазик е донација од иселениците, Детски базен е донација на Белгија и Холандија, Детски сообраќајен центар е донација на Германија, Фискултурен дом Кале е донација на Грција, Фискултурен дом Карпош 2 е донација на Франција, Јавна Бања Чаир е донација на Етиопија, Бања Катланово е донација на Италија, Детски центар Водно е донација на Гана, Египет, Либија, Бурма, Кенија, Кувајт. Драмски театар е донација на Велика Британија, Дом за старци Злокуќани е донација на Шведска, Младински културен центар е донација на Русија, Алжир. Детски антиТБЦ Козле е донација на Норвешка, Шведска. Детска болница во Ѓорче Петров е донација на Шведска, o.у. Ј.А.Коменски е донација на Чехословачка, 4 советувалишта за мајки и деца се донација на Велика Британија, 6 центри за млеко се донација на УНИЦЕФ, o.у. Песталоци е донација на Швајцарија, Поликлиника Букурешт е донација на Романија, 3 згради со 102 стана се донација на Романија, Гиниколошка болница Чаир е донација на Чехословачка, Хемиско училиште М.Кири Складовска е донација на Полска, Гимназија Ѓорги Димитров е донација на Бугарија, Детска градинка Карпош 2 е донација на Германија, Општествен дом Драчево е донација на Франција, Детска градинка Копенхаген е донација на Данска.

Гордана Јанакиевска, Окно, 26.07.22.

нема
26.07 10:38
Каква неизвесност! Каква драма!

Дел од министрите (односно, две министерки) бараат ревизија на одлуката за спојување на концесиите за рудниците и тврдат дека Бектеши ги прелажал да гласаат со непостоечка одлука. И Спасовски вели дека биле прелажани.

Другите министри денеска се во глувчешка дупка и прават да биде прилично тешко за партиските пудлици - на која ли страна да застанат!? Што коментар да напишат? Каде ли лајк да стават? Како ќе се постави шефот? Како ќе се развие оваа внатревладина драма!?

Да ги поддржат ли министрите што отворија уста и обзнанија на што ни личат владините седници и како се носат одлуки од клучно значење за граѓаните, или не?!

Уф! Каква неизвесност! Каква драма!

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 15.07.23.

нема
17.07 18:57

Препорачуваме

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

ОкоБоли главаВицФото