Промоција на албум на „Undone” - „Through the Bars of Time”

12.02.2024 12:48
Промоција на албум на „Undone” - „Through the Bars of Time”

Скопскиот алтернативен бенд Undone објави нов албум посветен на својот починат соработник и пријател, музичарот Филип Митров. Промоцијата на албумот насловен Through the Bars of Time ќе се одржи во барот „Ла Кања” во Старата чаршија на 12 февруари, во 20 часот, на првата годишнина од трагичната смрт на Митров.

„Ќе се сретнеме во омилениот бар на Филип на 12 февруари, една година по неговото заминување, за да ги прославиме новиот албум (кој се роди кога тој замина) и уметничко-емотивната врска што сите ја имавме со него”, најави бендот.

Албумот содржи осум музички композиции и пет рецитирани песни, од кои две се посветени на Филип.

Основан во 2010, Undone е алтернативен музичко-поетски колектив без постојана постава, па низ него поминале бројни музичари и уметници. Во снимањето на новиот албум учествуваа Дарко Тасевски, Влад Каевски, Андреј Анастасов-Даскаловски, Мустафа Јонузовски, Ронит Бергман, Јорам Гур и Дарко Јаневски.

Дарко Тасевски - водечка гитара
Влад Каевски - клавијатура
Андреј Анастасов-Даскаловски (Еди) - тапани
Мустафа Мусо Јонузовски - бас гитара
Ронит Бергман - глас и ритам гитара
Јорам Гур - специјален гостин со водечка гитара на BDA&E и на I Heard A Guru Talk Today on YouTube
Дарко Јаневски ги создаде звучните пејзажи за сите рецитирани песни, Дарко Тасевски свиреше на гитара на сите песни, Ронит рецитираше.

ОкоБоли главаВицФото