„Дипфејк или реалност” - „Сајбер шејк” дискусија за млади

20.02.2024 10:27
„Дипфејк или реалност” - „Сајбер шејк” дискусија за млади

Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични?

Ова е темата на „Сајбер шејк” настанот - дискусија за млади „Дипфејк или реалност”, кој ќе се одржи на 21 февруари 2024 година во 18 часот во кафе и филм „Котур”.

Говорници ќе бидат Бојан Стојковски, главен уредник на порталот ИТ.мк, Иван Чорбев, професор од ФИНКИ и Мери Јордановска, заменик-главен уредник во Мета.мк.

Пријава за учество може да се пополни на линкот.

На крајот од настанот ќе има и дополнителен квиз со прашања за дипфејк, од она што ќе се зборува на дискусијата, а ИТ.мк ќе доделат три награди:

Прво место: 1.500 денари ваучер за нивниот ИТ маркет + Премиум членство за нивните содржини

Второ место: Премиум членство за нивните содржини

Трето место: Basic членство за нивните содржини

Настанот „ Сајбер шејк” го организира Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис” со поддршка на Активноста на УСАИД за млади луѓе кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC во партнерство со Младинскиот образовен форум и CEED Hub Скопје.