„Симбиоза” - изложба на Бојан Ковски

29.02.2024 11:34
„Симбиоза” - изложба на Бојан Ковски

Во Музејот на град Скопје, денес, 29 февруари, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата на уметникот Бојан Ковски насловена „Симбиоза”.

„Симбиоза” претставува продолжение на истражувањето на човечката форма со преплетување на елементот земја. Изложбата вклучува впечатливи актови и портрети проткаени преку песок од пустините. Со текот на„Симбиоза”, секое дело се гради врз претходното, создавајќи комплексна и специфична структура.

Истражувањето на Ковски на четирите основни елементи, особено на земјата, служи како метафора за сложеноста на животот и барањето на длабоки човечки конекции. Изложбата „Симбиоза” претставува славење на уметноста, човечноста и вечната врска помеѓу човечкото тело и елементите на земјата.”, се вели во описот за изложбата.

Бојан Ковски, роден во 1993 година во Куманово, е дипломиран сликар на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Тој во главно создава дела работени во маслена техника, развивајќи ја и својата посебна техника, Ковски Боди-уметност.