Отворање на изложбата „Уметници и бегалци”

01.04.2024 10:14
Отворање на изложбата „Уметници и бегалци“

Центарот за современи уметности – Скопје, СБункер – Косово и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Романија, организираат изложба „Уметници и бегалци” во Националната галерија Чифте Амам – Скопје. Изложбата се отвора на 2 април (вторник), со почеток во 19 часот.

Изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалци директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалските заедници во Романија на почетокот на Март 2024.

На изложбата со свои дела ќе се претстават Ѓорѓе Јовановиќ (С. Македонија), Маја Танева (С. Македонија), Озбек Ајваз (С. Македонија), Бутринт Паша (Косово), Диела Вала (Косово), Андин Бакија (Косово) и Серхи Тиекхов (Украина)

Изложбата вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарски режисер, Бутринит Паша, ќе ја изведе монодрамата „Кој ја сака мојата земја”.
Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на „TechSoup Network”.

Извор: https://civilmedia.mk 

ОкоБоли главаВицФото