Фотографии од отворањето на изложбата „Уметници и бегалци”

03.04.24 11:09

Неодамна, во организација на Центарот за современи уметности – Скопје, СБункер – Косово и WIN – Мрежа за интеграција на жените – Романија, во Националната галерија Чифте Амам беше отворена изложбата „Уметници и бегалци”.

Изложбата е базирана на автентични сведочења раскажани од страна на украинските бегалци директно на уметниците вклучени во оваа изложба за време на нивната посета на бегалските заедници во Романија на почетокот на Март 2024.

На изложбата со свои дела се претставија уметниците: Ѓорѓе Јовановиќ (С. Македонија), Маја Танева (С. Македонија), Озбек Ајваз (С. Македонија), Бутринт Паша (Косово), Диела Вала (Косово), Андин Бакија (Косово) и Серхи Тиекхов (Украина).

Изложбата вклучува чисти скулпторски форми, како и мобилни скулптури. Дополнително, изведувачкиот уметник и театарски режисер, Бутринит Паша, ја изведе монодрамата „Кој ја сака мојата земја”.

Во продолжение пренесуваме дваесетина фотографии на Небојша Гелевски, од отворањето на изложбата.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото