1016 hPa
94 %
13 °C
Скопје - Сре, 15.05.2024 00:25
Во нашата рубрика Маргина - елементи на самосвест, можеби за некого по малку неочекувано, еве веќе втор пат донесуваме политички текст. 1. Маргина нема никакви предрасуди кон политиката; таа е вештина, и оттаму заслужува респект; 2. Сметаме дека особено во денешново време било кои форми на ескапизам - па и оние што се повикуваат на тнр. „аполитичност” - се несоодветни и често контрапродуктивни; 3. Во Маргина, сепак, е најбитно како, а не што, темите се скоро па небитни, така ли, веќе подолго време, а начинот, вештината доминираат, т.е.: ако ми треба тема ќе земам од ѓубриштето за рециклирање! (парафраза на сентенцата за „праќање пораки”). Во таа смисла ви го пренесуваме, драги (“) маргиналци(“), важниот текст на едниот од највлијателните и најмоќни Европјани (кој токму опстојува меѓу границите на „можните вештини”, ту во ту вон политиката), Жак Атали. (И воопшто, целава Маргина е прилично „политички активна”, но низ разни аспекти: социолошки (интервјуто со Бауман), медицински (интервјуто со Леинџ), „техно” (Т. Лири)... Оваа дескрипција ви ја поттурнуваме под нос само за да ве потсети: власта ви е на дофат на раката, само треба да се грабне! А Маргина е добар виц, јасно, за сите оние што своите животи ги минуваат, ко нас, шеткајќи по мебиусовите траки на денот-ноќта, „подземјето-надземјето”, центарот-рабовите...)
(од уводникот на Маргина 21, ноември 1995)
Содржина на Маргина #21:
Жак Атали - Демократија без граници
Бесплатно преземете ја од линкот подолу:
Прилог | Големина |
---|---|
Преземи | 5.16 MB |