Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

08.04.2024 10:52
Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

Во кафе-книжарницата „Буква”, во вторник, 9 април, со почеток во 19:30, во органиација на издавачката куќа „Готен”, ќе се одржи претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде Владимир Јанковски.

Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментално работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти. Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик. Нејзиниот дебитантски роман „Пци”, објавен во 2023 година, беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал”, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис”.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Дора Шустиќ во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки”.

ОкоБоли главаВицФото