Чичиковштина

20.04.2011 15:04
Чичиковштина

На стр. 6 во „Фокус“ прочитав белешка под наслов: Културна (У)ЦЕНА – СЕКОЈ ГЛУМЕЦ ДА ДОНЕСЕ ПО 15 ГЛАСА ЗА ПРЕРОДБАТА.

Во белешката, од збор до збор, од точка до точка, пишува: „Секој актер вработен во македонските театри во периодот на преродбата по 2006 година треба да се ангажира на терен и да обезбеди по 15 члена од неговото семејство и пријателите кои ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори!“

Ова, неделава им било соопштено на актери, но и на целиот технички персонал вработен во десетина театри во Македонија во изминативе години. И тоа, јавно директорите барале гласови за ДПМНЕ небаре платите ги делат од свој џеб, а не од државниот буџет. (...) Џабе градат старо-нови театри кога ги убиваат актерите кои треба да имаат креативен дух, а не да бидат подлизурковци кои ќе молат за гласови по роднини само за да останат на работа!“

Зошто ни за миг не се посомневав во вистинитоста на овој запис за перверзноста на власта која, надминувајќи го Гогољевиот трговец со мртви души Чичиков, посакала од актерите да направи коробочки, собакевичи, манилови и ноздрјови кои ќе ги отстапат гласовите на своите роднини и пријатели, како да се „мртви души“, за победата на груевци? Зошто? Зашто од сите страни се слушаат гласови за чичиковци кои крстосуваат по улиците и сокаците, тропаат од врата на врата, запишуваат имиња и презимиња, лични карти и матични броеви, па со уцени и закани регрутираат гласачи за уште еден мандат на портокаловите. Зошто актерите би биле поштедени од она на што се изложени наставниците, лекарите и чиновниците?

Истиот ден, во сите весници читам за шеснаесетте актери кои му ги отстапиле своите жирантски потписи на Саше Огненовски, актерот кој стана директор на Народниот театар во Битола со декрет на портокаловите. Како е можно директорот да собере толку кредити и толку потписи од битолските актери? Молчеле дека му потпишале? Криеле еден од друг? Знаеле, а се правеле дека не знаат? Во нормални времиња, тајните не виреат во театрите. На што се надевале? На редовно вработување? На поголема плата? На главни улоги? Не ги знам нивните имиња и не сакам да ги знам. Нивната мала гогољијада не е претстава по која се добиваат аплаузи и награди, а сепак е метафора за поголемата гогољијада во која сите ние сме жиранти осудени да ги плаќаат долговите направени без наша согласност.
На изборите во 2008 и 2009 година Груевски освои многу гласови. Негови жиранти станаа и оние кои му ги отстапија своите гласови и оние кои не му ги отстапија.

Денес, мнозина од жирантите кои му ги отстапија своите гласови не го кријат своето каење. А мнозина си молчат и се надеваат дека друг ќе го плаќа нивниот дел од долговите што ги направи и сè уште ги прави нашиот Чичиков. Не се малубројни ни оние кои се омрсиле и сè уште мрсат среде постот кому како да не му се гледа крајот.

Таквите не бираат средства да ја набркаат вистината од Македонија. Немаат аргументи, но продолжуваат да врескаат. Лагите им се излитени, но тие ги повторуваат како расипана грамофонска плоча. Се надеваат дека вревата ќе ја унапредат во доволно голема шашма која ќе го спречи задоцнетиот, но неизбежен пресврт кога жирантите ќе си ги побараат назад отстапените потписи.

Го пуштиле пратеникот Николовски, „резерва на резервата“, со лаги да ги прекрие бројките од соопштението на ФИООМ „Првите шест недели: Од задолжувања и ветувања до клевети и закани“.

Се изнамачил кутриот Николовски, па се обидел да инсинуира дека ФИООМ троши народни пари за да ја критикува Владата. Не, бре, пратенику, ФИООМ не троши народни пари, туку ги троши парите на својот донатор Џорџ Сорос за да следи како Владата ги расфрла народните пари како да се приватни. Никогаш, од основањето до денес, Фондацијата на Сорос во Македонија не потрошила ниту денар народни пари. Од октомври 1992 година до денес, Фондацијата ги троши оние 85 милиони долари неповратни средства кои Сорос ги даде за Македонија! И секоја година, Фондацијата плаќа давачки и даноци кои го полнат државниот буџет со кој овие пет години се расфрла Владата што ја води лидерот на партијата на пратеникот Николовски. Во 2009 година, на пример, Фондацијата платила вкупно 338.870 евра даноци и придонеси. Доволно за да има право да следи како го троши Владата тој буџет. А „надлежните институции“ кои Николовски ги повикува да ја расчистеле „оваа афера со која со народни пари Бранко спроведува кампања за своите лични интереси“, многу добро знаат дека нема што да се расчистува зашто сè е чисто и дека Фондацијата не троши народни пари за да го следи расипништвото на Владата и јавно да ги објавува своите наоди.

На крајот, еден цитат наменет на жртвите на отровот што го истура квартетот „Зарипнати мегафони“. Цитатот е од книгата на Џорџ Сорос „Времето на грешноста – консеквенците од војната против теророт“, објавена 2006 година во Њујорк. На стр. 109 Сорос пишува: „Силно чувствувам дека не можеме да ја обновиме нашата рамнотежа без да ја отфрлиме војната против теророт. Тивкото приспособување на нашето однесување нема да успее зашто нашето однесување во минатото ќе продолжи да нè прогонува како тајна кривица. Сум го видел тоа во други земји. Грција одби да ја признае Македонија (таа сè уште ја носи референцата „бивша Југословенска Република Македонија“ во нејзиното име) зашто во претходните четириесет години ја спроведуваше политиката на претворање на етничките Македонци во Грци“.

„Шпиц“, 20.04.11.

Слики: Adhika Rahmani

Како постојано се прикажуваш

Како постојано се прикажуваш како интелектуалец кој ја прати политичката сцена во Македонија долги години, а никако да го спомнеш феноменот на твојот сопартиец Заев,кој со неговата партија уште не ни дошол во ситуација да биде на власт, а веќе најави дека ќе брка од работа се што не е член на СДСМ? Што е поразличен од овие што се сега на власт? Зошто не се коментираат такви ставови на челници на политичка партија? Само критики кои се однесуваат кон една страна.
Претпоставувам дека пола членство на СДСМ си ја воодушевил со оваа колумна. Те обожаваат. За жал.

Силен аргумент Пријателе,

Силен аргумент Пријателе, нема што!? Зошто не го критикувал Заев кој најавил отпуштање на стоката вработена во администрацијата која ништо не работи а зема плата? Веројатно ти си еден од оние високо-неквалификувани работоници напикани по разни институции кои седат и мудро молчат додека им тече стаж! Доста беше...

За оној што не чита или не

За оној што не чита или не сака да прочита, прашањето беше - Што е поразличен од овие што се сега на власт?. И не навредувај луѓе за кои никогаш ниту еден ден не работеле во државна администрација или на било каков начин се поврзани со некоја партија.

Одличен потег е следењето на

Одличен потег е следењето на работата (трошењата) на владата. Очигледно овој легитимен мониторинг страшно ги вознемирува властодршците. Ако веќе не им се секираат на извештаите на Заводот за ревизија, овој НГО мониторинг како своевидна неформална супституција е многу корисна работа. Да чувствуваат дека некој ги следи и документира што се’ прават (преку јавно достапните информации). Тоа што ќе го измислат дпмневците на окно-во за да го дефокусираат вниманието од битните прашања не е релевантно. Честитки до ФИООМ и до Милчин!

Македонија на соросоидите,

Македонија на соросоидите, Влада на соросоидите на РМ, Република Сорос Македонија

Пак ќе изгубите.

Пак ќе изгубите.

Javi se koga ti vrtam Alooo

Javi se koga ti vrtam Alooo

 I think that this theme can

 I think that this theme can be good for write my paper. It's because a lot of people are discuss it. 

ОкоБоли главаВицФото