Изјава за медиумите

05.08.2011 16:56
Изјава за медиумите

 

Решението од Комисијата за верификација на фактите што ми беше врачено на 5.08.2011 година е паушално, без никакви докази, со наводи намерно и извртено интерпретирани и извадени од контекст, а со цел лажно да се прикаже дека јас наводно сум соработувал со СДБ.

Причината за ова е јасна. Јас и понатаму тврдам дека на власта ѝ пречат моите ставови со кои се застапувам за демократско општество. Затоа Комисијата за верификација на фактите е искористена за нарушување на мојот личен авторитет.

Во законскиот рок ќе поднесам тужба до надлежниот суд со која ќе го оспорам донесеното решение.

Зачудува фактот дека решението има назнака СТРОГО ДОВЕРЛИВО, а наводите од решението се претходно прераскажувани во провладините медиуми. Ова покажува дека целиот случај е хајка, а останува отворено прашањето кој ги давал доверливите податоци пред воопшто формално да биде донесено решението.

Согледувајќи го начинот и тенденциозноста на решението, неизбежен е заклучокот дека ќе следат нови постапки против други лица кои јавно искажуваат критички ставови.

Скопје, 5.08.2011 година

Слика: Matt Duffin

Почитуван Милчин, и управниот

Почитуван Милчин,
и управниот суд ќе Ве дочека на ист начин, таму не владее правото. Тој суд ја спроведе продажбата на Струга за локалните избори 2009 (согласно партискиот дил) и го омаловажи уставниот судија Трендафил И.

Важно прашање во овој момент е како да бидете во победничка позиција кога во Македонија не се ценат ни вистински жртви ни херои, каде се на крај станува статистика?

Нашиот народ кој е обземен од омраза, алчност, себичност, страв и одмазда нема потреба од вистината и нема потреба да гледа понатаму од тоа што му го пласира оваа племенско-партиска машинерија која меле се.

Не ни е доволно лошо, и Вие самиот тоа го констатиравте по изборите.

ОкоБоли главаВицФото