Валкање во национален интерес

12.08.2011 12:18
Валкање во националниот интерес

 

Првата земја од поранешната СФРЈ која почна да го применува Законот за лустрација е Македонија. Законот за утврдувањето на дополнителните услови за извршување јавни функции, како што гласи официјалниот назив на македонскиот Закон за лустрација, стапи на сила на 6 февруари 2009 година, а ќе остане на сила до 6 февруари 2013 година. Неговата подготовка почна веднаш по парламентарните избори во 2006 година, на кои победата ја однесе коалицијата на чие чело е ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш јавните функционери добија рок од триесет дена да достават заверени изјави дека не биле соработници на Службата за јавна безбедност во периодот од 1944 година до 2008 година. Најавено е дека во првиот „бран“ Комисијата треба да „провери“ околу 250 политичари, меѓу кои и претседателот на државата, премиерот и министрите, како и претседателите на општините во земјата.

Откако Законот за лустрација почна да се применува, почнаа контроверзите. Законот е создаден според моделот на полскиот закон врз основа на кој браќата Качински се обидоа да ги компромитираат истакнатите лидери на Солидарност. Единствен отпор кон донесувањето на законот во Македонија даваше цивилниот сектор, зашто уште тогаш имаше индиции дека се можни злоупотреби со кои би се дискредитирале политичките неистомисленици. Куриозитет е тоа што најголемата опозициска партија, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, гласаше за овој закон плашејќи се од етикетата „комуњари“.

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Трендафил Ивановски, беше првата позната „жртва“ на лустраторите. По одлуката на Комисијата дека бил соработник на „тајните служби“ и по две судски одлуки, беше принуден да си поднесе оставка. Во јавноста тоа беше протолкувано како притисок врз Уставниот суд кој поништи неколку закони донесени во периодот по 2006 година, од кога на власт е Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ. Уставниот суд поништи и некои членови од првата верзија на Законот за лустрација, а сега, по оставката на Трендафил Ивановски, се одолговлекува одлуката за уставноста на верзијата која сега е на сила.

Летни магии

Ова лето македонските медиуми не мораа да пронаоѓаат глушец во пивото или лебарки во лебот. Предвремените парламентарни избори се одржани на 5 јуни, на нив победи и досега владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски, а Комисијата за лустрација беше поактивна отколку што се очекува од една државна комисија за време на жешкото лето.

Кусо пред изборите во медиумите блиски до Никола Груевски се објавувани делови од досиејата (не е можно да се утврди дали досиејата се автентични или лажни) на членовите на раководството на Демократската унија за интеграција, најсилната партија на македонските Албанци, вклучително и лидерот на оваа партија Али Ахмети, врз основа на кои се тврдеше дека тие соработувале со сојузните и републичките органи на Службата за државна безбедност во осумдесеттите години. Некои аналитичари сметаа дека тоа беше еден вид уцена за партијата на Ахмети за да бидат кооперативни во идната влада.

Овие денови се најавува лустрирањето на 4 члена на Македонската академија на науките и уметностите од кои двајца се историчари, а двајца писатели, како и една поголема група новинари. Медиумите кои ги објавуваат овие најави главно се повикуваат на „добро информирани извори“ од Комисијата.

Меѓутоа, она што ова лето навистина ја тресе македонската јавност е случајот на режисерот Владимир Милчин, професор по актерска игра и извршен директор на Фондацијата Отворено општество Македонија, кого Комисијата за лустрација го означи како соработник на „тајната служба“.

Случајот Драматург

Владимир Милчин од 1982 година предава актерска игра на скопскиот Факултет за драмски уметности, а во 4 двогодишни мандати беше и декан на овој факултет, што од него прави личност на јавна функција, па со самото тоа подлежи на Законот за утврдувањето на дополнителните услови за извршување јавна функција. Како таков задолжително мораше на Комисијата да и’ поднесе изјава за тоа дали соработувал со органите на државната безбедност. Милчин таквата изјава ја достави, изјавувајќи дека не соработувал со ДБ.

Меѓутоа, приказната за Милчин и Државната безбедност и нејзините активности почнува нешто порано. Во 2000 година Македонија донесе Закон за увид во личните полициски досиеја кои се водени од идеолошки и од политички причини. Законот имаше важност од една година. Во разговор за „Време“ професорот Милчин вели дека Доста Димовска, тогашната министерка за внатрешни работи во владата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, преку една роднина го информирала дека има досие и дека таа, ако ја посети, ќе му го даде. „Не бев изненаден што СДБ водела досие за мене“, вели Милчин. „Но, наместо да одам кај министерката, отидов на шалтерот на МВР и на 10 ноември 2000 година го пополнив образецот со прашањето дали постои досие за мене, а на 4 декември 2000 година, добив писмо од МВР дека е ’евидентирано постоење на лично досие од политички и од идеолошки причини’. На 22 декември истата година ме повикаа да остварам увид во своето досие“. Во МВР го видел досието кое за него ДБ го воделе, со број 25630, и дека има 217 страници. Според тогаш актуелниот закон граѓанинот можел да добие фотокопија на своето досие, но не и оригиналот. „И денес го чувам документот бр. 376 дека платив 334 денари за фотокопирање“, вели Милчин.

Од досието Владимир Милчин дознава дека имал псевдоним „драматург“ и дека е „под оперативна обработка“ од 1976 година. Причините заради кои станал предмет на интересирање на Службата се многубројни: настап од анархолиберални позиции, учество во белградските студентски демонстрации во 1968 година (Милчин студирал на ФДУ во Белград и дипломирал во 1970 година), основањето на списанието „Фокус“, основањето на авангардниот театар „Свети Никита Голтарот“, контакти со лицата од Белградскиот универзитет и обидите на репертоарот на Македонскиот народен театар да се поставуваат драмски дела на автори кои се анархолиберали. Одредена му е контрола на поштата и на телефонските разговори, по потреба инсталирање на прислушкувачи во станот, следење и сл. „Сите овие мерки траат официјално до 19 август 1987 година“, вели Милчин, „но една, т.н. Службена белешка датирана од 3 ноември 1987 година, покажува дека СДБ продолжила да ги следи моите активности и подоцна, особено по моето интервју во загрепскиот ’Данас’ во кое протестирам заради полициското насилство во Вевчани и критичко ја опсервирам состојбата во Македонија.“ Во тој десетгодишен период, СДБ уште осум пати ги потврдувала причините за оперативна обработка, а причините се градирани сè до нивото дека е констатираната „активна и организирана непријателска дејност со цел подривање и рушење на уставниот поредок“. Еден од гревовите кои му се припишувани е тоа што „го форсира репертоарот на чешките автори, на пример на Кундера“, пишува во досието.

Ова досие Владимир Милчин го објавува во облик на фељтон на два македонски портали, а некои делови ги читаше на меѓународните конференции во регионот на кои учествуваше.

Лустрирањето на Милчин

Ова лето скопската телевизија „Канал 5“ започна да објавува информации од „сигурни извори“ дека поранешниот декан на Факултетот за драмски уметности, познат по името „Драматург“, прво бил жртва, а подоцна соработник на тајните служби. Нешто подоцна, комисијата за лустрација донесува решение во кое се потврдуваат наводите на „Канал 5“. Милчин веднаш го демантира тоа и поднесува жалба. Првите денови на август Комисијата се состанува, без кворум, и ја одбива жалбата на Владимир Милчин на нивното решение. Претседателот на Комисијата Томе Аџиев, кому мандатот му истече во февруари оваа година, вели дека Комисијата останува на „констатацијата дека Милчин бил соработник на тајните служби“. Доколку Управниот и Вишиот управен суд ја потврдат одлуката на Комисија, Милчин ќе ја загуби професорската катедра.

„Доколку судот ја потврди одлуката на Комисијата, веќе нема да бидам професор, но верувам дека вистинската цел на мојата дискредитација е да дадам оставка на позицијата извршен директот на Фондацијата Институт отворено општество, што, морам да кажам, е исклучено зашто фондацијата е приватна, а не државна“, коментира тој. „Сметам дека сето ова е политички линч. Ова е само доказ дека во земјите кои немаат институции со капацитет и со интегритет, т.н. лустрација може да се сведе на оцрнување на личноста. Ние во Македонија со доаѓањето на Никола Груевски го добивме својот Милошевиќ. Груевски себеси се претставува како бранител на името на државата, на националниот идентитет и на јазикот на Македонците. Се обидува да го рекомпонира националниот идентитет во антички, произведува домашни и странски непријатели, гради псевдокласицистички и псевдобарокни згради и споменици. Кон комунистичкото и југословенското наследство се однесува како кон мрачен период од македонското минато. Од 2008 година фондацијата на Сорос и јас сме на удар на Груевски, на неговата партија и на неговите медиуми. Бевме прогласени за грчки платеници, заговорници за промена на името на државата и на нацијата. Особено им пречеше што фондацијата ги поддржува проектите кои ја контролираат потрошувачката на буџетските пари за мегаломанскиот проект ’Скопје 2014’. А најмногу им пречи тоа што јавно зборуваме дека Македонија нема иднина доколку не влезе во НАТО и ЕУ.“

Чедомир Дамјановски, еден од трите члена на Комисијата за лустрација кој излезе од последната седница затоа што не се согласуваше со решението изјави дека не штити ничии интереси, туку дека го штити Законот. „Не можеме некого да го прогласиме за соработник на ’југословенската тајна служба’ ако тоа лице нема потпишано изјава дека соработува со Службата, или ако во досието не пишува дека има материјална корист од тоа. Не разбирам како можеме некого да прогласиме за соработник ако тој има докази дека не бил?“ Дамјановски тука мисли на т.н. службен акт од досието на Милчин: Прашалник за ревизија на личното досие датиран од 1 декември 1983 година во кој стои дека „Однос со органите на внатрешни работи - немал“.

Комисијата го прави истото што и УДБА го правела со моето досие“, заклучува Милчин. „Жртвата останува жртва, само џелатите се менуваат. Во ваква Македонија, налогодавачите се заштитени, извршителите заштитени, а жртвите – жигосани“.

Извор: vreme.com

Ма греотка, ма жртва, ма го

Ма греотка, ма жртва, ма го мачеле, ма скапал по затвори, ма кршел камен на Голи Оток...

Не, чекај...

Бар да чекал у ред за плави

Бар да чекал у ред за плави картони... Он ни тоа.

Ko shto napisha Velinovska vo

Ko shto napisha Velinovska vo deneshna Nova Makedonija, ne se javija nitu Helsinki Watch, nitu Freedom House, ni gazda Soros, ni nekoj evropski Ervan Fuere, ni nekoj amerikanski Philip Reeker, tuku se javuvaat tupanicite na srpskata firma za izvoz na revolucii, da si ja shtitat investicijata.

Добро да ве прашам, ак47 и

Добро да ве прашам, ак47 и тие како него/неа. Го читате вие текстот или само пишувате коментари од ракав?

Добро да ве прашам, ак47 и

Добро да ве прашам, ак47 и тие како него/неа. Го читате вие текстот или само пишувате коментари од ракав?

Ма не читаат ништо. Да читаа

Ма не читаат ништо. Да читаа нешто друго освен дворските новинари како Свирка Велиновска, можеби и ќе имаа осмислена, логична реченица и ќе зборуваа барем околу темата (иако се сомневам).

Вака, се гледа дека се шармирани и се трудат да ја достигнат елоквентноста на нивниот неписмен лидер. Немој да се зафаќаш на нивниот трол!

Го читав и жал ми е за

Го читав и жал ми е за изгубеното време. Уште еден од милијардата написи за одбрана на кодошот. Но, добро, што да се очекува од сајт финансиран од истиот.

Од сајтот е преземено, а

Од сајтот е преземено, а напишано е од странски весник, кој на многу луциден начин го опишува лудилото што беснее тука. Ако во самиот документ од службата пишува дека нема соработка - нема соработка. Зошто своеволно се глупираш тука?

Току затоа ги прашав дали го

Току затоа ги прашав дали го читаат текстот "Ќе ме викаат црвено."

Ili nekoj od sluzbata, koj e

Ili nekoj od sluzbata, koj e del od istata kodoska konspiracija so Dramaturgot, izdaval lazni dokumenti.

Тешка работа да купиш

Тешка работа да купиш странски новинар или погрешно да го информираш.