Во одело на плажа

07.09.2010 11:15
Во одело на плажа

Improv everywhere, духовитата њујоршка независна група за која веќе еднаш пишувавме, со својата нова импровизација на посебно одбраното место во Њујорк повторно ја збуни и ја заинтригира јавноста.

Креативците од Improv everywhere, доколку не сте слушнале за нив, се спонтана креативна група „агенти“ кои предизвикуваат добронамерни сцени на среќа и хаос на јавните места. Една од најдуховитите нивни акции, која стана традиционална и почна да се одвива и во другите држави на САД и светот, е возењето во подземната железница по гаќи.

Деновиве овие вицкасти Њујорчани се решија да ги забавуваат своите сограѓани на плажа. Неколку стотици „агенти во цивилка“ учествуваа во акцијата чиј концепт беше спојување на неспоивото. Имено, учесниците имаа задача да поминат еден ден на плажа, уживајќи во морските лудости и правејќи сè што вообичаено би правеле на плажа, но облечени во вечерна тоалета. Мажите во црни одела и жените во долги вечерни фустани се раширија низ плажата Брајтон на Кони Ајленд и им се препуштија на летните радости: капењето, сончањето, шетањето, прскањето и градењето кули од песок, облечени во формална облека.

Креациите кои се соодветни за, на пример, матурски вечери, театарски претстави или свадби, во сценографијата на плажата се прилично впечатливи, а спонтаните „агенти“, навидум не водејќи сметка за слоевите ооблека на себе, уживаа во морето и песокот, снабдени со вообичаените реквизити за на плажа.

За реакциите на затечените капачи погледнете го видеото, а за останатите планови и акции на тимот од Improv everywhere погледнете овде.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото