Молитвениот појадок кај Нано Ружин

16.03.2009 17:58
Пандалф Вулкански

Учествуваат седуммината претседателски кандидати: Ружин, Фрчкоски, Иванов, Бошковски, Буџаку, Селмани и Хоџа.

Ружин: Добро ми дојдовте, драги колеги, на предизборниов молитвен појадок. Ве замолувам најпрвин сите да се помолиме, тивко или во себе...

ФрчковскиФрчкоски: Резба-везба, раскошна гозба и саде добра миризба од предците да ми доаѓа. Без многу вообразба, во дразба со позитивни филмови нек ми иде кампањава.

Бошковски: Дојде доба да се зоба, без злоба (глоба платив што платив). Моја желба е веќе да нема стрелба, посебно не кај мене во населба. Место бомба - тулумба! На Македонија сфатена ко катакомба - да и’ се заштека пломба! Сонце да светне во катакомбата, т.е. ламба! Па ламбада да заиграме на претседателската веселба!

БуџакуБуџаку: Зимава мава... Клавам глава (фина, плава, мада ќелава) во вмровскава поплава... За што? За слава на коалициската глава?! Иако зимава човек треба да внимава и со друго да се занимава...

Иванов: Харанга и’ прават на мојата фаланга... Харинга да се сторат соросоидите! Наместо гордо тога да се облече, да се игра улога, слога да се прави - онаа манга (на дрога, гарант!) ќе крши нога! Таа манга треба во пранга!

Хоџа: Владава блада ко да е на ливада... Треба тука да се направи одредена блокада (со барикада), а после рокада, нормално... Рокање! Да се цедат дуински (т.е. девински) аркади! (во када:) Иако лично преферирам наслада со чоколада и лимонада... А и помада (да се биде помлада!) по млада кожа да се стави е подобро од кршење аркади, не?!

Селмани: Дијагнозата (да не речам прогнозата) ми влече накај бронза... Но, мојот дедо секогаш имаше утеха: коа веќе немаш амброзија&нектар тогаш боље боза и газоза место цироза и тромбоза! Да чува господ и од психоза, склероза и туберколоза... А од Грујота дополнително научив: политиката ти е поза плус доза хипноза, т.е. плацебо гликоза...

Нано РужинРужин: Мајка ми вака велеше: „Ружин мамин! Не грд туку роза! Не гроза туку мимоза! Но, и ружата треба да се наоружа! Сети се, сине, на Орсон Велс, на роусбад: ружата трнови нанижа за да стане велможа!“

Ружин: Добро, откако ги промрморевме желбените пусулчиња-бубуљчиња (однатре, ко што велеше Лакан, нек прскаат однатре!), сеа предлагам мал муабет. Да добиеме убрзање и драмска тензија, нек му се обрати Фрки на Никој-Одисеј (кој читал старогрчка литаратура, т.е. не пиел новогрчка нафта&шведско-македонско млеко - ќе знае; другите нек бараат транскрипти и транслитарација).

Фрчкоски: Одбиваш дуел, значи, Жокац?! Се дуеш, глеам, од преждеруење на вмровски гласови ко Џаба во „Враќањето на Џедај“! Но, ќе ти кажам една стара дебармаалска мудрост (за која ти, нормално, појма немаш): „Се дуе сељак пред дуел, сè додека Мухамед Али не го чуе!“ Е па, Жокац, само да обрнам внимание, те слушнав како се дуеш...

Иванов Иванов: Манга ко тебе, Фрле - во пранга! Си реков и во молитвата... Ради мојата голема античка заслуга ставен сум на пруга (т.е. на колосек, ко што велеше славна Рада) - а вие ми терате поруга! Подруга песна ќе ви пеам наскоро! Фуга! Во центрифуга ќе ве набутам, комплет, соросоиди, сурушоиди, вирусоиди и проституиди! Место поруга ќе имате тревога!

ХоџаХоџа: Глеам, се спомнува пруга ко своевидна поруга (плус гадната вирусоидна тајфа), па ми текиња на Струга, колега Иванов: ваша ли заслуга е што во Струга заструга моторна пила (од холивудски хорор сас масакри са моторну пилу, да се придружам кон асоцијациите на колегата Фрчкоски)?! Или, што се вели, вие вмровците сакате само малку да ја стругнете (понастругате, поистругате, потстругате) новата албанско-македонска граница на која здушно работите?!

Буџаку: Пред да одговори колегата Иванов, ќе се надоврзам и на колегата Фрчкоски, во врска со дуел-играта. Филозофијата на мојата партија е следнава: „Кој бие - тој ќе добие!“ 

БошковскиБошковски: Кој бие - тој ќе си го добие, колега Буџаку, слабо контате историски поуки и ради тоа бамборите во празно во вашата коалициска катакомба... Да ве поучам: во Хаг за добиен (да не речам, за добиток) те сметаат ако стигнеш до биен... Се сеќавам, во војната, еднаш добивме еден биен, но не можевме да го биеме уште, т.е. да го добиеме (т.е. дотепаме), оти ионака беше мртов, т.е. добиен. Нема добивка од добиени - е мојата филозофија.

СелманиСелмани: Делијо фиданбојлијо, почитуван брате Љубе; драго ми е што од кабаетлија-пубертетлија (т.е. табиетлија за забави со пукање, пеење и плачење) дојде на ова дереџе: метаморфоза на нервозата во наркоза („нервоза-наркоза“ е иначе нова болест што се разви во времето на сеомилениот Грујо наш); глеам, Љубе, аклијо-ташаклијо, дека сеа фураш друга проза со апотеози на симбиози и осмози, ни више ни мање!

Ружин: Да шмркнеме доза лоза, колеги! Боље лоза него целулоза, што велеше мојот некогашен шеф! Не одиме, на квиз, не?! Ха ха! Малку гликоза да протече низ вени, што вели колегата Селмани! Не може секоја коза да облече џемпер од вискоза! Туку само планинска коза, ха ха! За претседател зборам, него како! Поза на планинска коза! Вискоза! Роза, баш, треба да биде претседателот на Република Македонија!

Илустрации: Синиша Цветковски

Вториот дел од Молитвениот појадок, може да го најдете на: Молитвениот појадок кај Имер Селмани

Слични содржини

Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото