Овци на дното на океанот

24.02.2012 10:45
Овци на дното на океанот

Македонците кои не се сигурни во историската улога на вемерето ја прават истата грешка како Евреите кои во 1933 година не биле сигурни во историската мисија на нацизмот.

Јас, се разбира, не сакам да кажам дека партијата на Благороднето Дулиќ е нацистичка. Но, не можам да се сетам дека некогаш сум сретнал комита кој Албанците знае да ги множи со бројка што е поголема од нулата. Или некој кој во однос на Македонците не е истрениран да се однесува како математички виртуоз на кого светот му се дуплира во силните напади на шизофреничарските привиди (Расел Кроу како професорот Џон Неш во „Прекрасен ум“ на Рон Хауард). Виртуоз кој обожава да им вади корен на луѓето, па да ги става на ента степен на славата и, на крајот, низ една тешка експоненцијална равенка, исчистена од сите непознати, да му покажува на светот дека Македонецот минус слободата и здравиот разум што тој ќе му ги одземе, плус спомениците на квадрат, помножено со (отворена заграда) висината на Драгиот водач зголемена за екстремно високиот коефициентот на неговата интелигенција (затворена заграда), поделено со степенот на сексапилноста на министерката за внатрешни работи, плус пресудата на Хашкиот трибунал, минус коренот од годините на кои умрел Александар Македонски, плеснати врз антимакедонскиот заговор на Курвата Вавилонска како заеднички именител, е еднакво на говно преку кое секој ден минува двокатниот автобус број 57 за Козле. На семафорите кај Триумфекалната капија во Скопјанг.

Македонија ми личи на веце школка во која мноооогу одамна не е ставан „доместос“. Да не говориме за новата генерација дезодоранси со мириси на јоргован или зелена јаболка, на холандски хризантеми или бугарски трендафили. Кога ќе слушнам дека Хорхе пишувал некакви писма во кои го убедува светот дека Земјата се врти околу дупката на Свети Павле во Паљурци, пред очи ми излегувааат смешните фигури на Коперник и Галилео и најзеленото од сите сурлести чудовишта од телевизиската реклама за најпознатите разградувачи на сераторски ароми. Кога ќе слушнам дека Надвојводата Шарло има намера да продолжи посветено да работи на решение на спорот со името, посакувам да сум една од бактериите во таа реклама зашто знам дека само така можам да го поднесам сето тоа срање. Но, најмногу од сè би сакал да сум „доместос“ – антисептички јунак што ќе ја пропади смрдеата од Македонија потемелно отколку што швалерот од Кукуш ја пропади чумата.

Сало. Тоа е органска материја од која можете да добиете чварки. А можете да добиете и телевизиски водител за промоција на политиките со кои Драгиот водач го усреќува кореовидниот народ во Бившата југословенска република ако шеесетина минути го пржите (салото, не народот, н.з.) на осумдесет степени под рефлекторите на К Анал Пет. Во својата хуманоидна форма Сало ги мрази националистите и Шиптарите и оди на гости кај премиерот Никола Груевски. Втората прва дама знае да им принесе од тоа манастрирската ракија на дедо Стефан и веднаш потоа да исчезне оставајќи ги домаќинот и гостинот да ја студираат математичката формула за решавање на албанското прашање во Македонија. И на македонското, се разбира.

- Со кој број треба да ги помножиме Шиптарите, о семоќен водачу мој, ако сакаме Македонија да ни биде чиста?

Моделот за следната восочна фигура во Муузејот на смртта крај Вардар го уверувал премиерот дека нулата е најсоодветна за множење на муслиманите додека Груевски тврдел дека нулата воопшто не е број односно дека броевите, според него, почнуваат од еден. Еден, два три.... „Никој не почнува да брои од нула, бе, Сало“, викал премиерот.

Во формулата на прајминистерскиот човек, Албанците не се множат со нула како припадници на некој немакедонски народ туку како метафора на различноста во политичка, во идеолошка, во верска и во национална, во културна и во духовна смисла. Како збирна именка која ги претставува сите што се надвор од тоталитетот на постоењето што го персонифицира вемерето. Албанците се тука „Македонци со погрешна вероисповест“, а тоа сугерира дека по главата треба да се чукнат и Македонците со погрешна партиска припадност, оние кои не фрлаат парички во александровата фонтана, младите кои одбиваат да се протнат под Триумфекалната капија, децата кои сè уште не биле да го посетат Муузејот на црешовото топче, луѓето кои пијат „узо“ и за време на народноослободителните војни одат на капење на Халкидики, возачите на ЈСП кои одбиваат да го чистат снегот, хирурзите кои ќе одбијат есенва да учествуваат во сенародната берба на памукот, универзитетските професори на кои не им оди в глава дека патриотската должност им налага да учествуваат во слетот со кој во Арената „Филип Втори“ ќе се прослави двеилјади и тристотиничетириесетата годишнина од првата менструација на Олимпија... Со еден збор: сите кои одбиваат да разберат дека кампучијските димензии на портокаловата преродба се дел од сите нас како што ние сме дел од нив.

На Фејсбук предложив да ја однесеме таа накупина од сало на некоја бензинска станица. Мислам на водителот. Да му го набутаме цревото од компресорот за воздух во дебелиот газ, па да го напумпаме со пет-шест атмосфери. И да го пуштиме да одлета. Како комуникациски код за едно време во Македонија. Расправата за тоа дали е луд или не е луд нема смисла затоа што во Македонија не постојат нелуди инстанци кои можат мериторно да арбитрираат во вакви случаи.

Од оние што ги множите со нула не можете да очекувате дека ќе ви го пеглаат чаршавот за кој сте рекле дека е знаме. На Територијата под контрола на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација. Но, ајде да ја прифатиме симболиката и да се обидеме да ја разбереме протестната нота што Министерството за надворешни работи ја упатило до косовските институции во врска со палењето на тоа платно за време на еден ракометен натпревар во Приштина. Тој гест може да им импонира на будалите кои се спремни да ги положат своите животи за тоа парче текстил, но ние нема да го решиме проблемот ако не разбереме дека сите тие спектакли се продукти на грижата за патриотската кондиција на народот: знамето гори, на кирилица пишува дека Македонија не постои, дека во таа непостоечка земја живеат Бугари од кои Тито направил Македонци, дека името им е фалично, како и јазикот и црквата и историјата, не за друго, туку како клучна содржина на егзистенцијалниот амбиент без кој Македонецот би бил како овца на дното на океанот. Младите генерации треба да знаат дека животот нема никаква смисла ако не го претворат во лепешка со која ќе ги лепат ќерпичите во барокната зграда на тој амбиент.

Ако, пак, водиме сметка за чувствителноста на оние кои знаат да се најдат повредени од емоционалните ескапади на луѓето за кои викаме дека се наши, тогаш Министерството за надворешни работи веќе требаше да си упати нота самото на себе. За палењето на грчкото знаме во Вевчани или за семакедонскиот фестивал на народни песни и ора притив Шиптарите што неодамна се одржа во Ниш. Ако Министерството за здравство смета дека пријателот на премиерот не е опасен за околината по линија на нарушеното здравје, тогаш нешто треба да се проба со ингеренциите на јавниот обвинител. Тој би требало да му објасни на математичарот дека Шутка е старомакедонски дворец од времето на Филип и Александар. Основа на европскиот барок и правоаголна пирамида во едно. И тој никогаш нема да посака да излезе. Го знам човекот.

Снегот почна да се топи. Планинските енклави на непоимливата сиромаштија повторно ќе останат без храна и лекови. Отсечени од цивилизацијата со која ги беше врзала дебелата снежна покривка.

Извор: globusmagazin.com.mk

Наједноставно кажано, мислам

Наједноставно кажано, мислам дека човеков (авторов) е поприлично забеган.

морам да признаам дека обично

морам да признаам дека обично колумните на тричковски ми се досадни и неинвентивни, изнасилени и намерно вулгарни (веројатно од очај што никој не го есапи 2%). но денешниов текст е стварно добар и издржан. ете, дури и од човек што не му сака толку многу писанијата изнуди пофални зборови. а дека понекогаш е тешко да се сфати што сака поетот да каже - ваистина е. бидете ми поздравени. ве сакам сите.

Драгиот водач зголемена за

Драгиот водач зголемена за екстремно високиот коефициентот на неговата интелигенција (затворена заграда), поделено со степенот на сексапилноста на министерката за внатрешни работи, плус пресудата на Хашкиот трибунал, минус коренот од годините на кои умрел Александар Македонски, плеснати врз антимакедонскиот заговор на Курвата Вавилонска како заеднички именител, е еднакво на говно преку кое секој ден минува двокатниот автобус број 57 за Козле. На семафорите кај Триумфекалната капија во Скопјанг.

Драгиот водач зголемена за

Драгиот водач зголемена за екстремно високиот коефициентот на неговата интелигенција (затворена заграда), поделено со степенот на сексапилноста на министерката за внатрешни работи, плус пресудата на Хашкиот трибунал, минус коренот од годините на кои умрел Александар Македонски, плеснати врз антимакедонскиот заговор на Курвата Вавилонска како заеднички именител, е еднакво на говно преку кое секој ден минува двокатниот автобус број 57 за Козле. На семафорите кај Триумфекалната капија во Скопјанг.

ОкоБоли главаВицФото