Марш на евнусите во харемот на султанот

21.03.2012 13:43
Марш на евнусите во харемот на султанот

Маршот на мирот беше парада на евнусите во харемот на македонскиот султан. И на самошкопираната нормалност која беше заклучила дека без муда може да живее подолго отколку што без мир може да дупи. Величествениот го поздрави дефилето.

Македонскиот султанат е изграден од разградливиот материјал на симулацијата и позерството, на камуфлаторството и имитаторството, од способноста на нашиот човек прецизно да ги промашува или погрешно да ги интерпретира интересите на времето, од талентот да произведува сосема спротивни ефекти од декларираните, и од неговата страст да се занимава со сè што ќе му обезбеди дистанца од клучните и конкретни теми на денот или на историскиот момент во поширока смисла. Да, и од идејата за лесен опортунистички трансфер од едно на друго морално ниво, од една во друга агрегатна состојба, кога гомното добива способност да се исправи и да маршира против смрдеата што ја шири.

Процесиите што не ги допираат вистинските адреси и извори на опасностите по мирот се во функција на војната, сеедно дали за војната говориме како за цел кон која нè носи нивото на нечија свест (на режимот, да речеме) или како за закономерност кон која нè турка интеракцијата на бројните процеси и феномени кои можат да имаат и многу благородни цели.

Симулираната пацифичност е површина под која општеството ги легитимира политиките што ги артикулираат најпримитивните конфликтности, понекогаш директно, понекогаш преку разорното дејство на симболичното, а понекогаш преку тоталната деформација на материјално-социјалната база на мирот и спокојството.

Нацијата која во театарот на животот маршира за мир, во животот маршира кон војна ако со радост им се препушта на преродбеничките транссеанси со преголеми дози на антишиптаризам и општ примитивизам, нацијата која со нови изборни победи ја легитимира политиката на разорување на институционалниот поредок, на карикатуризирањето и приватизирањето на правната држава и на државата како таква независно од мотивите, кои сосема сигурно не се благородни, туку се максимално приземни, не може да маршира кон мир, ако претходно не се дигне да маршира малку против себе си и против последиците на својата политичка некултура и опортунизам.

Општеството кое дозволува без анестезија да му го масакрираат лицето, да го силуваат и да слуша кога му викаат да не вика, може да маршира за мир само во строј од наива, лудост, глупост, маски и безумие. Ние сме балкански „Гринпис“ кој обожава да организира маршеви за заштита на животот како таков, а не организација која се бори со китоловците во студените води на северниот Пацифик. Ние сме општествена инкарнација на злото кое сака да заборави на себе.

Вицот е стар, ама врши работа.

Демек, се буди Македонецот од длабокиот преродбенички сон и гледа колони како под неговиот прозороец маршираат за мир.

- Слободааааа... – почнал да вика човекот.

- Каква слобода, каков мир, бе, ова е маскенбал – го слушнал во мракот на сопствената соба гласот на Драгиот водач. И – се помочал од среќа.

Без голем ризик дека ќе се погреши може да се каже дека Маршот беше маскенбал за забава на Надвојводата Шарло и манифестација на која беше запалено знамето на важни остатоци од македонската нормалност. Нема да се изненадам ако се покаже дека основната идеја на таа манифестација беше токму таа компромитација.

Кога ќе решите на Моника Белучи да ѝ ја читате Програмата на македонската преродба тогаш кога жената е за секс и за ништо друго, вие се однесувате како Македонец кој под прозорецот на Драгиот водач маршира за мир во време кога би било нормално да посака да му го скрши.

Таа мирољубива парада под прозорецот на Драгиот водач беше навистина гротескна. Не можев да не се сетам дека еден ваков марш пред дваесет и кусур години во Сараево заврши со снајперските стартери на војната. Нашите куршуми се во нашите пушки. Процесите што ги раководи Лудиот коњ на македонските Лакота Сијукси еден ден ќе го повлечат чкрапалото.

Опозицијата е длабоко компромитиран субјект на македонскиот плурализам, таа е коавтор на драмата која во последниот чин ќе ги делигитимира како историски субјект и ќе ги собере тие позери и корумпирани евнуси на демократијата како извалкан објект на промените. Како нешто што нужно ќе биде исчистено заедно со Македонија, ако Македонија во некоја несвојствена за неа конвулзија не стигне да ги тргне пред да биде доцна и за опозицијата и за Македонија.

Но, друго ми беше зборот. Средбата на политичкиот опортунизам на Европската унија со византиската културна основа на Македонецот не произведува разум, работливост и просперитет, туку обезбедува надворешна легитимација, карантенски појас на теренот во кој до монструозни граници се шири елементарната ненормалност, лудоста на еден режим. Филе, се разбира, знае дека тој што е во состојба да ја демолира самата идеја за демократијата и за правната држава, како и да направи ваков масакар во центарот на еден главен град, е фашистички инхибиран лудак, но неговиот практичен ум му помага да го игнорира тој факт за сметка на фактот дека лудакот има материјална и идејна контрола над ситуацијата. Јас ги разбирам можните благородни мотиви во политиката на Европската унија, но практичниот ефект тука е само зголемување на дозата на лагата во која живее овој народ и која го води кон бездната. Ние сме за скрининг, но малку поинаков од тој што ќе биде воден. Истиот ден кога Филе беше во Скопје неговиот домаќин го реформираше правосудниот систем со нов контингент на политичко-партиски марионети и подели неколку нови шлаканици врз лицето на медиумскиот простор. Сакам да кажам дека Европската унија помага европската зграда на Македонија да се ѕида како кула од карти, како барокна фасада на селска плевна или како црковна фасада на најдолен куплерај. Македонија, драг мој господине Филе, треба да ја третирате како земја што е тешко погодена од цунамито на неразумот, а не како земја со која ќе симулирате преговори за да ја успокоите. Нам не ни треба успокојување туку ни треба продуктивно вознемирување. Сè што треба да направите е да го спуштите дипломатскиот гард и да ѝ ја соопштите на Европа вистината за тоа што се случува во ебаната Фукушима на Југозападниот Балкан.

Задолжницата е фантастичен инструмент за правилна и праведна распределба на парите што ги нема. Веќе за мај владата најавува емисија на таканаречени суперзадолжници со кои ќе можат да се откупуваат ненаплатените обични задолжници со дисконт од деведесет проценти што ќе го покрива владата на Надвојводата Шарло од парите што во буџетот нема да ги нема еден ден, можеби. Во меѓувреме, Горското началство на портокаловата контрареволуција работи на нов сет реклами кои ќе му овозможат на народот да живее подбро отколку во комунизмот. На народот кој претпладне не работи ништо, а попладне се обидува да ги поправи штетите од своето постоење.

Во меѓувреме, главнината од скопските мировници, на чело со Зоран Лилиќ, на македонскиот Слободан и со него лично и персонално, успеаја да произведат нови сомнежи во природноста на македонската нација и на македонската држава и по некое пеколно коктелче врз објектите што ја репрезентираат таа неприродност. Таа разиграна екипа на македонската автодеструкција успеа да консолидира цела една балканска коалиција која тврди дека цели парчиња од нашата историска легитимација се фалсификати на делата што се дел од нивното културно-историско и народноослободително и преродбеничко наследство. Европа почнува да има разбирање за вознемиреноста на македонските соседи.

Имам и јас.

Извор: globusmagazin.com.mk

Колажи: Свирачиња

Losh covek.

Losh covek.

Добар човек.

Добар човек.

Јаден човек... Го напишал

Јаден човек... Го напишал некогаш текстот и само чекал прилика... Место да се намачите да правите фотошоп креации, можевте текстот да го илустрирате со реални фотографии... или не можевте... па решивте да не исповреѓате... забегавте... Ода АВАНГАРДА лесно се станува АВГАНТУРА ... тажно...
Тешко е да се поддржи МИР, неверојатно лесно е да извреѓате 10.000 сограѓани...

Fenomenalno! Kompletnata

Fenomenalno! Kompletnata postava na Okno se istopori protiv marshot za mir! Ushte samo fali vo utreshnoto izdanie Zveki da prestane da pushi vo znak na protest, i uzhitakot kje bide kompleten.

Prosto e neverojatno kako od tolku "samostojni" i "nezavisni" "intelektualci", ama na eden ne mu se ispushti, pa da kazhe deka mirot i ne e tolku losha ideja.

Chuvenata raznovrsnost na Oknashkite stavovi na delo.

I posle ... VMRO-vcite bile koordinirani od centralata...

Што е чеда божји вмровски, ви

Што е чеда божји вмровски, ви пречи вистината? Гандиевскиот стил не пали сега кога Хитлер се претвора во Ганди. Треба конкретно да се насочи вината и токму тоа го направил авторот.

Kade bese junakot da gi

Kade bese junakot da gi izvregja mnogukratno-minata nasi severni sosedi,verni sloboisti koga tancuvaa na mostovite vo Bg?Mnogu voda ne moze sirotite seuste da gi ispere -i od toa nie sme daleku,ke si ostaneme nemieni-neceluvani.

Срамно е да ги навредувате

Срамно е да ги навредувате сите оние млади луѓе кои искрено,со голема идеја се кренаа против сите поделби од каков било вид и кои самите ја организираа иницијативата. На сите ни е јасно дека никој друг не ги организирал, а вие се обидувате да ги сместите во вашите срамни политичко-партиски извитоперени калапи. Треба да сте свесни дека со ваков текст вие се сместивте и себеси на одвратните фотографии. Ако имавте вистински аргументи, не ќе ви требаа вакви монтирани слики.

Да маршираш за мир е изјава

Да маршираш за мир е изјава дека ти е доста од оваа реалност. Ирелевантно е од каде почнала и каде завшила идеата за мир. Тажно е што Окно влезе во машинеријата која го завршува (мирот.
Добро е да се знае и еве сега ќе ја тргнам оваа страница од моите „омилени“. Сосема незначаен гест за вас ама за мене ослободување.

Ne mi se komentria ali

Ne mi se komentria ali ajde.

Ne ste go procitale tekstot ili nemozete da go razberete.

I ne e grev, ako tolku vi sece.

Mozebi e grev samo za "Универзитетска професорка"ako e navistina profesorka. Od nea se ocekuva poveke.

Tekstot ne e protiv MIROT per se tuku protiv gomnoto i negovata smrdea vo koja ocigledno vie uzivate:

"...кога гомното добива способност да се исправи и да маршира против смрдеата што ја шири."

Proscen makedonoid, koj popat

Proscen makedonoid, koj popat ima kompjuter i internet, nema da go razbere tekstot ni po 100 preprocituvanja.
Barem neka se vozdrzi od komentari...

ОкоБоли главаВицФото